Крит~Совршена дестинација за одмор

Оние кои го одбрале Крит како дестинација за нивниот одмор, треба да имаат едно нешто на ум – не е возможно тој остров да се доживее целосно за само 10 дена. Затоа, ви препорачуваме да престојувате подолго време за да можете да ги посетите сите места и плажи што овој остров ги нуди.
Должината на целиот брег изнесува нешто повеќе од  1000 километри, додека на островот е застапена средоземна клима па и времето во текот на целата година е доста пријатно. Сместен на раскрсницата помеѓу три континенти – Европа, Африка и Азија, островот истовремено претставува и разновидност и единствена природна убавина. Она што секако, овој остров го прави атрактивен се луксузните хотели, ресторани, како и многубројните кафулиња и барови кои се отворени по 24 часа и се наменети за младите гости кои се одлучуваат да го посетат овој остров.

Најголеми туристички центри се: Хераклион, Ханија, Ретимно и Агиос Николаос, додека  на јужната страна, островите се претежно помали рибарски места. Причините за да го посетите овој остров се навистина многу… Како и да е, само неколку, можат да бидат клучни за Крит да биде Вашата летна дестинација…

About the Author

Leave a Reply

*