Мистичната Кападокија

Кападокија е област која се наоѓа во невшехирската провинција Анадолија, Турција. Од географска страна Кападокија се граничи со Таур, на исток со Еуфрат, на север со Црното море. Во 1 век п.н.е. Кападокија станала римска провинција, а подоцна била вклучена во составот на Византија и Османлиската империја. Во праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја во вулкански карпи поради заштита од дивите животни. Постојат многу подземни градови во областа Кападокија, но најголем е градот Деринкују. Оваа област е најмистичниот и најтаинствениот предел на светот. Сега се и некои праисториски градби реновирани и претворени во хотели поради големиот број на посетители кои доаѓаат да ја видат оваа праисториска фасцинантна убавина. Доколку некогаш имате можност да престојувате во Турција, сетете се на нас и не заборавајте да го посетите овој праисториски раскош.

Leave a Reply

*