Вистинска одлука за Одмор – Пукет, Тајланд за прв пат

Ако планирате одмор во Пукет и ова е вашиот прв пат на Тајланд ова е текст за вас!
Како најпопуларна дестинација за одмор во Тајланд, Пукет нуди одличен избор на работи кои треба да се видат, работи што треба да се направат, одлични ресторани, возбудлив ноќен живот и добри шопинг можности.

Тајланд е држава односно Кралство во Југоисточна Азија. Се наоѓа на полуостровот Индокина. Главен град е Бангкок, тропска земја со разновидни природни убавини, неповторливи културно историски споменици, топло море, преубави плажи, извонредна кујна, најатрактивен ноќен живот и забава. Повеќе децении важи за водечка светска туристичка сила.
Климата во Тајланд е жешка и влажна. Јануарската температура од 20 до 22 степена. Во Јули температурата изнесува од 29 до 31 степена.

На Пукет имате повеќе од 30 плажи во разни форми и големити, Лесен пристам до Phang Nga Bay, the Phi Phi Islands, the Similan Islands.  Фи Фи Островот е Супер ѕвездата на Тајлан, Остров кој го има и во филмовите и во мапите на секој турист кој доаѓа во Тајланд, нема метеж нема сообраќај нема жители, безкрајно уживање.
Градот Пукет има доста интересен ноќен живот, но треба да внимавате на сообраќајната гужва особено во ударните часови, исто така во висока сезона популарните ресторани се преполни, но и да знаете дека во висока сезона и такси услугите се доста скапи.

Големиот Буда над Пукет е еден од најважните споменици на островот. Огромната статуа се наоѓа на врвот на Накерд Хилс помеѓу Чалонг и Ката, со височина од 45 метри и може да се види од далечината како Пукет Таун и Карон Бич.
Кога сме кај спомениците и религиите, треба да знаете дека повеќе од 90% населението се Будисти, што значи дека доколку влегувате во некои свети места вие мора да бидете пристојно облечени, никако на купачи, доколку не сте облечени морате да се загрнете со шамиите кои се на располагање на секаде.

Bangla Road е местото кое во никој случај не смеете да го одмитене. Ако барате забава, вие сте за Бангла. Затворена за возила, пешачка зона од пола километар, со отворени барови, разиграни светла, ефтино пиво и музика измешана од сите барови на едно место.

Доколку ова е доволно тогаш преминете кон одбирење на Програмата.
Кликнете за Тајланд ТУКА и уживајте во прекрасните фотографии.

Leave a Reply

*