Duration: 19 Oct 2018 - 24 Oct 2018
Price: 149€
Book Now!
не*р

Прага (Карлови Вари – Дрезден – Виена)- 3НП

Термин 19 Октомври 2018

1ден: 19.10.2018  СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот на спортскиот центар Борис Трајковски  во 16:00ч. Поаѓање на автобусот во 16:30 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2ден  20.10.2018 ПРАГА:
Пристигнување во Прага во пладневните часови.. Предлагаме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. . По разгледот  крстарење со брод по реката В’лтава.  Сместување во хотел. Ноќевање.

3ден   21.10.2018 ПРАГА – ДРЕЗДЕН:
Појадок. Предлагаме целодневен  излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.   

 4ден  22.10.2018  ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови.За крај на денот, предлагаме факултативно посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки…   Ноќевање.

5ден  23.10.2018 ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена  со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  . Во вечерните часови го продолжуваме патувањето кон Македонија.  Ноќно возење.

6ден  24.10.2018 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  149 €


Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина)
  • Посета на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување  185 ден
  • Факултативен излет за Карлови вари  25€
  • Факултативен излет до Дрезден 30€
  • Крстарење со брод по Влтава 15€
  • Вечера во пивница со шоу  програма  35€
  • Доплата за еднокреветна соба  3.600 денари
  • Влезници за локалитетите
  • Разглед на Прага со локален водич 10 €

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.