Duration: 31.03.2019
Price: -7%Early booking : -7%
Book Now!
atl*trs*kav

Нова понуда за сезоната Лето 2017-Апартхотел „Alexander Inn“, лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан  и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија  на високо приземје кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект  е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

Локација- Hotel-apart-alexander-inn-Stavros


-7% попуст за целосна уплата до 31.03.2019



Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Цените од табелата се однесуваат за наем  цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз


Напомени и услови:

  • Цените од табелата се однесуваат за наем  цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14 : 00 ч по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09:00ч. по локално време
  •  При сместувањето влегувате во чисти соби, за време на престојот сами се грижите за одрѓувањето на хигиената. По завршување на вашето летување , должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојана ( листа) состојба
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставите апаратот да работи во времето додека сте на плаѓа или надвор од апартманот
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кое се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатите слојот аражман немаат право на надоместок на средства на име разлика во цена.
  • Плаќањето на аражманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 мкд.
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Ставрос
  • Цена на повратен билет- 35 евра – воззрасни
  • Деца од 2-12 г. 25 евра
  • Деца до 2 г. – бесплатно