fbpx
Duration: 02.05.2024
Price: 109€Промо цена : 99€
Book Now!
мар


Острог- Будва – Дубровник – Котор – Острошки манастир

 *МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА ДО ДЕН НА ВАЖНОСТ НА ИСТАТА


1 ден  : 02.05.2024 (Четврток) Кавадарци – Неготино- Штип – Велес- Скопје
Состанок на групата . Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден : 03.05.2024 (Петок)- Будва -Острог
Пристигнување во раните утрински часови во градот Бар, она што ќе го посетиме е храмот посветен на Јован Владимир кој како симбол на градот го отсликува православието. По посетата продолжуваме према Будва.Сместување во вили кои располагаат со студиа со сопствено купатило. Слободно време за  индивидуална прошетка низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва, посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот…или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег.Слободно време за индивидуални прошетки.Ноќевање.

3 ден : 04.05.2024 (Сабота)   Будва – Дубровник – Котор Будва
Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Во договорено време поаѓаме кон Котор .Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола ….  Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив. Враќање во Будва. Ноќевање.

4ден : 05.05.2024 (Недела) Будва – Острог – Велес
Напуштање на апартманите и поаѓање кон Острошки манастир – најпосетениот манастир во Црна Гора, каде се наоѓаат чудотворните мошти на Св.Василиј Острошки…. Патниците ќе имаат можност да бидат присутни во третото место по посетеност во светот на православието на најголемиот верски празник ВЕЛИГДЕН.  Тргнување за Македонија попладне со попатни паузи и царински формалности. Очекувано пристигнување во Велес во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  109 ЕУР

ПРОМО ЦЕНА  99 ЕУР


 Во цената се вклучени следните услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  • 2 ноќевања , сместување во  вили;
  • Посета на Острошки манастир на Велигден
  • Организација, реализација и  лиценциран придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Посета на Дубровник  и Котор 35 еур;
  • Туристичка такса  на Острог 1 еврo  (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Влезници за музеите и културно историските споменици;
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување;
  • Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден  ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Напомена:

  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
  • За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
  • Уплата исклучиво во денари.