Duration: 01.03.2019
Price: 229€Сигурна реализација : 199€
Book Now!
n*r

Азурен Брег- Велигден (Милано-Ница-Кан-Сен Тропе- Монако-Монте Карло) 3НП

Термин 25 Април

1 ДЕН  25.04.201СКОПЈЕ – МИЛАНО:
Поаѓање во 11:30 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН 26.04.201МИЛАНО:
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа)за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. По пристигнувањето, одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки .  Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН 27.04.2019 МИЛАНО – НИЦА :
Појадок.
 Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во пладневните часови, прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата…  Сместување во хотел.  Ноќевање.

04 ДЕН 28.04.201 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН:
Појадок.
  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки.  Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

05 ДЕН 29.04.2019 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ:  Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 30.04.2019 СКОПЈЕ: 
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  01.03.2018 :   199€

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  229


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница во хотел 2*/3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница,
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Oхрид, Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес,
  • (Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 210 мкд, ( за лица до 60 год)
  •  Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич (10€)
  •  Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)
  •  Посета на Кан и Сент Тропез (35€)
  •  Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
  •  Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •  Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •  Билети за јавен превоз
  •  Доплата за еднокреветна соба 4,400 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.