fbpx
Duration: 30.04.2021
Price: 109€
Book Now!
pal*as


Термин 30 април – 03 мај, 2021


1 ден СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday inn” во 01:30 часот. Поаѓање за Белград во 02:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Организиран разглед на градот со локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава… Сместување во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

2 ден         БЕЛГРАД
Појадок.  Можност за факултативна посета на Музејот на Југославија со меморијалниот Центар и “Куќата на цвеќето” во која се наоѓа гробот на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито. Во продолжение на денот, слободно време за индивидуални активности и прошетки, или посета на шопинг центарот “Ушќе”. Ноќевање.

3 ден      БЕЛГРАД – НОВИ САД 
Појадок. Можност за факултативна посета на Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Слободно време за индивдидуални прошетки и враќање кон Белград. Ноќевање

4 ден        БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување кон центарот на градот. Можност за индивидуални прошетки низ улицата Кнез Михајлова и тврдината Калемегдан, Крстарење по Сава и Дунав, или пак посета на Белградската зоолошка градина. Попладне заминување кон Скопје. Можност за попатна посета и шопинг во “Икеа”. Пристигнување во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ 109 евра


Во цената е вклучено :

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето


Во цената не е вклучено :

– Факултативен излет до “Куќата на цвеќето” – 10 € (влезница не е вклучена)
– Факултативна посета на Нови Сад и организиран разглед со локален водич – 20€
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување
– Други неспоменати посети и услуги


– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.