Price: 129€
Book Now!

budimpeshata

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Организиран бесплатен трансфер за патниците од Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Кавадарци  и Велес

1 ден 29.12.2016 – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА 

Состанок со групата во 16:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта во 17.00 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2016 – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта можност за крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 31.12.2016 – БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА

Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава (факултативно). Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуални активности и можност да ја почувствувате предновогодишната атмосфера на градот. Во договорено време враќање во Будимпешта. *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивидуално. Вечерта во договорено време се упатуваме во центрот на Будимпешта за дочек на Нова Година. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 01.01.2017 – СЕНТ АНДРЕА – БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување прекуСрбија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден 02.01.2017  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/7.990 денари

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сместување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • разглед на Будимпешта со локален водич
  • професионален туристички пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • крстарење со брод по Дунав – 15€
  • факултативна посета на Братислава со локален водич – 25€ – мин. 30 лица за реализација
  • посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 30 лица за реализација
  • патничко здравствено осигурување – 5€
  • индивидуални трошоци

За ова патување важат општите услови на ВИ ТРАВЕЛ и  СКТМ 

Општи патни информации и напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  7 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.