Duration: 19 Oct 2018 - 23 Oct 2018
Price: 109€
Book Now!
н*р

Будимпешта ( Виена – Сент Андреа) – 2НП

Термин 19 Октомври

 1 ден  19.10.2018   СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок  на групата на паркингот на спртската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   20.10.2018  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина…  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

3 ден   21.10.2018 БУДИМПЕШТА  – ВИЕНА – ПАНДОРФ  АУТЛЕТ
Појадок. Препорачуваме  посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.

4 ден    22.10.2018  БУДИМПЕШТА –СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел.  Препорачуваме  посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне. Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  23.10.2018 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните  часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 109 


ЦЕНАТА  ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со модерен туристички автобус .
  • Сместување во Будимпешта во Хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич (10  )
  • Крстарење по Дунав (15 )
  • Излет Виена и шопинг центар Пандорф (35 )
  • Посета на Сент Андреа (10 )
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици
  • Задолжително  патничко осигурување 155ден
  • Доплата за еднокреветна соба 1.860 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За уплати на “early booking” потребна е целосна уплата
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.