Duration: 01.02.2019
Price: -10%Early booking : -10%
Book Now!
atl*tur

Вилата „Chrouso Palace“ се наоѓа на 800 метри од плажата. Гарантирано најубавото апартманско сместување што досега сме го понудиле на нашите туристи: собите се чистат секој ден, постелнината и крпите се менуваат после секој трети ден, опремени кујни, пространи тераси со незаменлив поглед на преубавото зеленило, голем двор со издвоен дел за подготвување скара, посебен дел со играчки за децата, масички поставени под осветлените палми каде можете да уживате во интимниот амбиент, паркинг за возила. Сместувачките капацитети се наоѓаат на приземје и на прв спрат, затоплувањето на водата е комбинирано-со бојлер и со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Вилата е наменета за оние кои посакуваат мирен одмор…во непосредна близина се наоѓа хотелот Chrousso Vilage 4* кој во својот состав има продавница од каде можете да набавите најосновни прехранбени продукти. За останатите артикли имате одлично снабдени продавници во селото Паљури, а доколку Ви недостига вечерната гужва, на неколку километри се наоѓаат Пефкохори, Ханиоти и Полихроно.
Локација : Villa-Chrouso-Palace

Напомена:  Во четирикреветните апартмани можат да се сместат максимално 4 возрасни лица и едно дете до 3 години.


-10% попуст за целосна уплата до 01.02.2019

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Паљури
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра