Duration: 01.11.2018
Price: 159€Early booking : 149€
Book Now!
ne*r

Истанбул со Принцески острови 3НП – Нова година 2019

Термин: 28  Декември

1 ден28.12.2018 СКОПЈЕИСТАНБУЛ
Состанок на групата спроти хотелот Holiday In во 16:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.    

 2 ден   29.12.2018 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Прошетка низ Таксим. Ве водиме до прекрасниот видиковец на Азиската страна Чамлиџа од каде Истанбул се гледа како на дланка. Предлагаме прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…  Сместување во хотел. Слободно попладне.Ноќевање.

 3 ден 30.12.2018 ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Предлагаме  ручек во еден од многуте рибни ресторани. Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување.Ноќевање.

 4 ден  31.12.2018 ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ  
Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место каде се снимаат и многубројните турски серии. Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор. Вечерта факултативно Дочек на Нова година во  некој Ноќен клуб, Брод на Босфор или на некој од плоштадите во ИстанбулНоќевање.

5 ден 01.01.2019ИСТАНБУЛСКОПЈЕ
Појадок. Предпладне организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. За крај го посетуваме големиот  шопинг центар ФОРУМ. Во попладневните часови поаѓаме за Скопје. Се патува преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ден  02.01.2018 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01.11.2018:  149  

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  159 


 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* на база 3 НП
  • Туристички пратител на програмата
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 190 мкд.
  • Панорамско разгледување на градот со локален водич (10 )
  • Отомански и Византиски Истанбул (автобус,локален водич): (10 )
  • Крстарење по Босфор  (20)
  • Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница: (35)
  • Дочек на Нова Година во Ноќен клуб:  (  )
  • Дочек на Нова Година на брод по Босфор: (  )
  • Влезници: Аја Софија: (15), Топ Капи (без Харем): (15) , Харемот во Топ Капи– (10)
  • Посета на Азискиот дел на Истанбул (15€)
  • Доплата за еднокреветна соба 3.720 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ВИ ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила
  • *Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.