ИСТАНБУЛ И ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Автобус 5 дена / 3 ноќевања

1 ден 07.12 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 и паѓање за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција – граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 08.12  ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА – КРСТАРЕЊЕ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, висока (238м), од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Сместување во хотел… Факултативно, во попладневните часови предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор… Европа – Азија). Слободно време да се ужива во ова прекрасно место за да се испие кафе и да се вкуси прекрасна риба во некоj од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

3 ден 09.12 СУЛТАН АХМЕТ ПЛОШТАД-ТОПКАПИ ПАЛАТА-КАПАЛИ ЧАРШИЈА
Појадок. Пешачка тура во Срцето на Истанбул – Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул – Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија – изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители… Факултативно, прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните… Посета на Капали Чаршија- затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Ноќевање.

4 ден 10.12  ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно средство за превоз се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Во вечерните часови факултативно предлагаме посета на национален ресторан/ресторан на брод или ноќна забава во најпопуарниот Rooftop на Таксим. Ноќевање.

5 ден 11.12 ПЈЕР ЛОТИ-БАЛАТ-ФОРУМ
Појадок. Посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот. Тука ќе ја слушнете и приказната за забранетата љубов на Пјер Лоти и Азизе… Прекрасен излет покрај брегот на Златниот рог, се посетува стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи – место каде што се снимаат бројни турски серии… Посета на Вселенската Патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во утрински часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 €


 Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3*** во Истанбул, на база 3 ноќевања со појадок
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија, Капали чаршија…
  • Посета на Вселенска Патријаршија
  • Посета на Таксим
  • Посета на трговски центар Форум
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжителен панорамски разглед на Истанбул со локален водич 10 евра
  •  Крстарење со брод по Босфор 20 евра
  • Посета на “Sapphire Seyir Terasi” со 4Д проекција 35 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 15 евра
  • Посета на Топ Капи Палата ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Долма Бахче Сарај ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Национален ресторан / ресторан на брод / rooftop на Таксим
  • Принцески острови 30 евра
  • Пјер Лоти и Златен Рог (влезница, водич) 10 евра
  • Туристичка такса 3 евра за целиот престој по лице (се плаќа во агенција)
  • Доплата за 1/1 соба 3.900 денари
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Ви Травел
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на патувањето
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
  • Агенцијата Сервис го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл. Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!