fbpx
Duration: 29.12.2021
Price: 590€
Book Now!
jun*tra


Скопје – Истанбул – Кајсери – Ѓореме – Кајсери – Истанбул – Скопје
Термин : 29.12.2021 – 03.01.2022

Програма

Ден 1 / Состанок со групата и поаѓање
Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје во 06:55ч. наутро. Лет за Истанбул (TK1004) во 09:05ч. Пристигнување во Истанбул во 12:40ч. по локално време. Лет (TK2012) од Истанбул до Кајсери во 14:45ч. Слетување во Кајсери во 16:05ч. Трансфер до хотел. Сместување во хотел.

Ден 2 / Факултативен излет – Лет со балон над Кападокија – Факултативен излет – Мистична тура
Факултативен излет – лет со балон над Кападокија, на изгрејсонце, зачинето со најмагичните глетки на овој регион! Во 05:30ч. изутрина поаѓаме на факултативен излет со кој започнува нашето истражување на Кападокија и моментот од кој засекогаш ова место ќе ни остане во срцето! Едно од највозбудливите доживувања на ова патување е дефинитивно летањето со балон. Чувството на слобода додека околу нас небото го шараат илјадници други балони е незаменливо. Враќање во хотел околу 8:30 часот. Појадок во хотел.
Факултативен излет – Мистична тура и ден посветен за истражување на убавините на Кападокија! Излетот го започнуваме во 09:30ч. Прво го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panaroma), каде уживаме во неверојатните и уникатни глетки. Оттаму турата ја продолжуваме во подземниот град Кајмакли (Kaymakli Underground City), еден од најпознатите подземни градови во Кападокија. По Кајмакли продолжуваме јужно кон долината Ихлара. Пешачиме покрај реката Мелендиз во Кањонот Ихлара. Попатно застануваме на ручек на самата река во селцето Belisirma. По паузата за ручек продолжуваме до Катедралата Селиме, која е најголем камен манастир во регионот. При враќањето во Гореме, ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley), која е сместена во Учисар (Uçhisar). За крај ја посетуваме фабриката за Оникс, каде гледаме како се обработува овој полудраг камен. Враќање во сместувањето. Слободно попладнe.

Ден 3 / Факултативен излет – Срцето на Кападокија и Среќна Нова Година 
По појадокот, во 9:30 часот наутро поаѓаме на факултативен излет – Срцето на Кападокија. Кога називот на овој историски многу важен регион би се превел на Македонски, истиот би значел “земја на убави коњи“. Со векови на овие простори се мешале влијанијата на Персија, Александар Македонски, римските владетели и раните христијани, додека пак денеска, овој регион е дел од Турција и претставува важна туристичка престолнина на државата. Необични географски формации, вклесани во бел камен (бела вулканска пепел). Излетот го започнуваме со замокот Учхисар (Uçhisar) – највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Гореме. Се упатуваме кон големиот манастирски комплекс – “Гореме музејот на отворено” (Gӧreme Open Air Museum) каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите, создадени од раните христијански монаси и најубавите примери на византиска уметност. Авантурата ни продолжува со истражувањето и го разгледуваме Пашабаги (Paşabağı) со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. По Пашабаги следи посета на долината на имагинацијата – Дервент (Devrent Valley), преполна со природни камени форми со црвена боја, кои генерално претставуваат ликови на животни па посета на Чавушин (Çavuşin) старо сликовито грчко село со автентични грчки куќички кои се напуштени. Следи пауза за ручек во градот Аванос. Аванос е сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, за кои се верува дека почнале да ги изработуваат Хититите во II милениум п.н.е. Го разгледуваме гратчето и посетуваме работилници во кои учиме за глинените и керамички ремек дела. Локалците во живо ни ги демонстрираат и некогашните техники на изработка. Посетуваме и фабрика за теписи. За крајот на оваа авантура ја оставаме Долината на Љубовта (Love Valley). Враќање во сместувањето околу 17:00ч. Слободно време и припрема за Новогодишната ноќ. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Неизбежно е да не си посакаме секоја наредна Нова Година да ја дочекаме на вакво магично место.

Ден 4 /Факултативен излет – јавање коњи и Факултативен излет – Jeep Safari
Факултативен излет на кој поаѓаме во 09:45ч. – Јавање коњи низ прекрасните пространства на Кападокија! “Земјата на убавите коњи” како најавтентично да се доживее, ако не со коњ! Слободно време и можност за уживање на базен. Попладнето одиме на факултативен излет Jeep Safari на кој се поаѓа во 16:00ч. – Волшебно сафари кое никогаш нема да го заборавите во волшебната Кападокија! Факултативниот излет го започнуваме со посета на селото Ибрахимпаша чие поранешно име било Бабајан (Babayan) и мостот Ибрахимпаша (Ibrahimpaşa Bridge) од 1939 година, фасцинантните куќички направени од карпести камења и фасцинантен поглед од другата страна на селото на недопрената долина која остава без здив… Потоа ја посетуваме долината Панчарлик (Pancarlık) со црквата на чии фрески не можеме да останеме рамнодушни. Природната убавина на долината и нејзината историја прави да се чувствуваме како во бајка! Ја посетуваме и долината Гомеда (Gomeda Valley) или најзелената долина на Кападокија. За крајот на оваа адреналинска авантура е селото Мустафапаша, старогрчко село чии градби кои имаме можност да ги прошетаме и разгледаме, сведочат за историјата на овој предел. Грчки поседи и фасцинантна архитектура! Враќање во сместувањето. Слободно попладне. Ноќевање.

Ден 5 / Факултативен излет – Лов на балони со Кабриолети и Факултативен излет : ATV ( Quad Bike )
Стануваме пред изгрејсонце и одиме на лов на балони со кабриолети или “олдтајмери“ (факултативен излет). Секое утро кога се раѓа денот, се раѓаат и стотици шарени балони. И ако имавме прилика првиот ден да го осетиме вивнувањето високо во небото со hot air balloon, сега ќе го гледаме тоа од друга перспектива. Утринска свежина го милува нашето лице, возиме олдтајмери низ неверојатни долини, ветрот и игра со нашите коси и секако, глетка која не се пропушта – шарени балони кои летаат околу и над нас и го украсуваат небото. Ја истражуваме Кападокија низ неколку попатни станици каде правиме врв фотки. Појадок.
Попладневен факултативен излет на кој поаѓаме околу 18:00ч. и се возиме со ATV – четирицикли низ овој магичен регион! Нестандардно разгледување и необична Jungle авантура низ Гореме (Göreme) и посета на селото Чавушин (Çavuşin village), долината Ѓулудере (Güllüdere valley) и долината на Љубовта (Love valley). Магично зајдисонце кое гарантирано ќе го памтите уште многу долго!  Враќање во хотел. Слободно време.

Ден 6 / Напуштање на сместувањето и пристигнување во Скопје
Појадок. Слободно време за докупување на уште некој сувенир и впивање на магичната енергија која зрачи во овој регион. Трансфер до аеродром. Лет (TK2013) во 16:55 часот од Кајсери за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 18:20 часот. Лет (TK1005) во 20:20 часот од Истанбул за Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:45 часот по локално време. Крај на патувањето.


Hotel Design Cappadocia Hotel 3*

Редовна  цена  – 590,00 евра


 Hotel Artemis Cave Hotel 4*
Редовна  цена  – 690,00 евра

Што е вклучено

  • 5 × Континентален појадок
  • Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Кајсери (Turkish Airlines), во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Кајсери – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Не е вклучено
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Меѓународно здравствено осигурување

Факултативни излети

Мистична тура / Цена40,00 EUR
Факултативниот излет го започнуваме во 09:30ч. Го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panorama) од каде ни се отвора најубавиот поглед на целиот регион. Оттука ја започнуваме нашата авантура, од каде буквално на дланка ги гледаме прекрасните предели, додека водичот ни ја “доловува“ магијата на овој регион. Се упатуваме кон подземниот град Кајмакли (Kaymakli Underground City), еден од најпознатите подземни градови во Кападокија. Овој комплекс бил исклесан под земјата и бил населен стотици години од страна на локалците кои се засолнувале и се бранеле од опасносните на Романите, Персијците и Арапите. Внатре посетуваме простории и објекти кои се достапни и отворени за посетители, додека водичот ни ги раскажува приказните и историјата која се крие позади нив. По Кајмакли продолжуваме јужно кон долината Ихлара. Пешачиме покрај реката Мелендиз во Кањонот Ихлара. Целиот кањон е долг 14км, но за нашата прошетката го бираме најубавиот дел, што е околу 4км. долг, а целата прошетка трае 1 час. Попатно застануваме на ручек на самата река во селцето Belisirma. По паузата за ручек продолжуваме до Катедралата Селиме, која е најголем камен манастир во регионот. При враќањето во Гореме, ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley), која е сместена во Учисар (Uçhisar). За крај ја посетуваме фабриката за Оникс, каде гледаме како се обработува овој полудраг камен. Во цената на излетот е вклученo: трансфер со комбе, локален водич на англиски јазик, влезници на наведените локалитети, ручек, услуги од претставник на агенцијата.  Во цената на излетот не е вклучено: пијалоци за време на ручекот


Hot Air Balloon Цена: од 100,00 EUR до 120,00 EUR
Раноутрински лет со балон над Кападокија, за време на изгрејсонце! Поаѓаме во 05:30ч. наутро на едно од највозбудливите искуства на ова патување. Кападокија секоја година се прогласува како едно од најдобрите места на светот за летање со ваков тип на балони. Искуство кое секако ќе го памтите цел живот. Самиот излет трае околу 3 часа, од кои, летот околу 1 час. Обично на излетот се поаѓа помеѓу 4 и 5 часот наутро, а трае до 7-8 часот наутро.  Заради целата новонастаната ситуација со пандемијата, се почитуваат сите мерки и протоколи, па корпите за 20 лица, се употребуваат за 16 лица, а корпите за 16 лица се со намален капацитет до 12 лица. Самиот план на излетот, времетраењето и општо можноста да се организира истиот, зависи од временските услови во моментот, а на тоа агенцијата не може да влијае.  Во цената на излетот се вклучени: локален водич на англиски јазик, претставник на агенцијата, лет со балон, превоз.  Во цената не се вклучени: храна и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи и индивидуалните трошоци.


Срцето на Кападокија Цена40,00 EUR
Излетот го започнуваме во утринските часови (09:30ч). Aвантурата започува со замокот Учхисар (Uçhisar), највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Гореме… Се запознаваме со магичната Кападокија и учиме од локалниот водич за сите камени формации во регионот, по што имаме слободно време за разгледување и прошетка. Следен на листата за посета е огромниот манастирски комплекс “Отворениот Музеј на Гореме” (Gӧreme Open Air Museum), каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите од раните христијански монаси. Главната карактеристика на црквите во Кападокија и нивната уникатност се живописните фрески и начинот на кој раните Христијани ги украсувале ѕидовите. Овие фрески датираат од 10-тиот и 11-тиот век. Водичот ќе го објасни значењето на фреските кои ги покриваат ѕидовите на овие пештерски цркви стари илјадници години. Уживаме во глетката, учиме за раното Христијанство и монашкиот живот во Кападокија. Авантурата ни продолжува со истражувањето и го разгледуваме Пашабаги (Paşabağı) со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. По Пашабаги следи посета на долината на имагинацијата – Дервент (Devrent Valley), преполна со природни камени форми со црвена боја, кои генерално претставуваат ликови на животни (камила, був, пингвин итн. но можат да се заменат и со нешто од нашата имагинација) по што следи посета на Чавушин (Çavuşin) – старо сликовито грчко село со автентични грчки куќички кои се напуштени. Следи пауза за ручек во градот Аванос. Аванос е сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, за кои се верува дека почнале да ги изработуваат Хититите во II милениум п.н.е. Го разгледуваме гратчето и посетуваме работилници во кои учиме за глинените и керамички ремек дела. Локалците во живо ни ги демонстрираат и некогашните техники на изработка. За крајот на оваа авантура е Долината на Љубовта (Love Valley) Враќање во сместувањето околу 17:00ч. Во цената е вклучено: трансфер со комбе, локален водич на англиски јазик, влезници на наведените локалитети, ручек, услуги од претставник на агенцијата.  Во цената не е вклучено: пијалоци за време на ручекот


Jeep Safari во волшебната Кападокија Цена: од 30,00 EUR до 35,00 EUR
Волшебно сафари кое никогаш нема да го заборавите во волшебната Кападокија! Попладневен факултативен излет (16:00ч.) кој го започнуваме со посета на селото Ибрахимпаша чие поранешно име било Бабајан (Babayan) и мостот Ибрахимпаша (Ibrahimpaşa Bridge) од 1939 година, фасцинантните куќички направени од карпести камења и фасцинантен поглед од другата страна на селото на недопрената долина која остава без здив… Потоа ја посетуваме долината Панчарлик (Pancarlık) со црквата на чии фрески не можеме да останеме рамнодушни. Природната убавина на долината и нејзината историја прави да се чувствуваме како во бајка! Ја посетуваме и долината Гомеда (Gomeda Valley) или најзелената долина на Кападокија. За крајот на оваа адреналинска авантура е селото Мустафапаша, старогрчко село чии градби кои имаме можност да ги прошетаме и разгледаме, сведочат за историјата на овој предел. Грчки поседи и фасцинантна архитектура!
Напомени:
* Наведената цена од 30 ЕУР по лице е цена за 4 лица во 1 џип.
* Лицето што ја води групата не е во својство на водич кој ќе ги објаснува пределите, туку само застанува за фотографирање.
* Излетот се организира во зависност од временските услови.


Јавање коњи (1 час) Цена30,00 EUR
Кападокија или позната како “Земјата на убавите коњи” е совршеното место да се истражува галопирајќи по магичните пространства. Коњите завземаат посебно место во историјата на Кападокија и уникатните и необични пространства во околината на Гореме автентично може да се доживеат на Анатолиски или Арапски коњи! Поаѓање од хотел во 09:45ч. наутро од каде се посетуваат најубавите долини во Кападокија – Долината на мечовите (Swords Valley), Долината Мескендир (Meskendir Valley) и Црвената долина (Red Valley). Јаваме покрај плантажите со јаболка, кајсии, лешници и покрај виновите насади од каде се прават локалните вина. Рутата која ја следиме води кон вулканските камени ридови поминувајќи покрај прекрасните самовилски оџаци, цркви и глетки кои го одземаат здивот каде и да се завртиме. Вистинска Jungle авантура!


2 часовна ATV (Quad Bike) тура Цена25,00 EUR
2 часовна тура со ATV четирицикли за истражување на најубавите предели на Кападокија! Поаѓање од хотел во 16:00ч. на нестандардно разгледување и необична Jungle авантура низ Гореме (Göreme) и посета на селото Чавушин (Çavuşin village), долината Ѓулудере (Güllüdere valley) и долината на Љубовта (Love valley). Сите теренски четирицикли се лесни за управување, целосно автоматски така што претходно искуство не е потребно. Патеките и рутата која се вози е внимателно избрана да не биде застрашувачка туку за уживање и предизвик. Напомена: Eдно лице ја води целата група, но не во својство на водич кој ќе ги објаснува пределите, туку само застанува за фотографирање.


Лов на балони со Кабриолети или Олдтајмери Цена25,00 EUR
Стануваме пред изгрејсонце и одиме на лов на балони. Секое утро кога се раѓа денот, се раѓаат и стотици шарени балони. И ако имавме прилика првиот ден да го осетиме вивнувањето високо во небото со hot air balloon, сега ќе го гледаме тоа од друга перспектива. Утринска свежина го милува нашето лице, возиме олдтајмери низ неверојатни долини, ветрот и игра со нашите коси и секако, глетка која не се пропушта – шарени балони кои летаат околу и над нас и го украсуваат небото. Ја истражуваме Кападокија низ неколку попатни станици каде правиме врв фотки. Целиот излет трае 2 часа, а изразената цена е цена по лице за четворица патници. (Цената по лице за тројца патници во возило е 35,00 ЕУР и цената по лице за двајца патници во возило е 45,00 ЕУР)


Напомени:
Општи напомени:

  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ВИ ТРАВЕЛ