Duration: 10 Feb 2018 - 13 Feb 2018
Price: 279€Early booking : 199€
Book Now!
m*n

Карневал во ВЕНЕЦИЈА
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА !

10. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 13:20 и слетување во 15:05 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.

11. Февруари (Недела) МУРАНО – БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Враќање во хотел во попладневните часови. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.

12. Февруари (Понеделник) ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

13. Февруари (Вторник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:15 часот.


За уплата до 17 Јануари: 199 евра 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 евра 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Венеција (Тревизо)-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23см со максимум 10 кг)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во Хотел LUGANO 4* (www.hotellugano.it) во Местре/Маргера на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Венеција
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 2.980 денари
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 2.300 денари
  • Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 35 евра
  • Посета на Верона 45 евра
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари


НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Ви Травел и СКТМ
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето