fbpx
Book Now!
go*tra


Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.

Плажа Миртос
Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Плажата е огромна и колку и да има туристи, можете да си најдете место за себе.


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија


НАПОМЕНА: Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 25€ по лице. На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.



ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица

ВАЖНО:

  • Согласно моменталниот став на Република Грција за патување за време на летото, агенцијата  ве информира за можност за PCR тестирање по повластена цена за сите патници (инфо во агенција)
  • Оние кои ќе бидат вакцинирани со одобрена вакцина од Република Грција треба да ни достават потврда дека ја имаат и немаат трошоци за тест.
  • Оние кои имаат доказ за антитела исто така треба да ги приложат и немаат дополнителни трошоци за тест (информација подлежна на промена)

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Доплата за клима 5 евра од ден по желба
•Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА WE TRAVEL


ВИЛА МАКЕДОНИЈА – Порос
Вила Македонија е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка. Се состои од двокреветни и трокреветни студија, и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса. Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација. Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплатува по желба на лице место.



ВИЛА ЗАНЗА – Порос
Вилата Занза се наоѓа на само 15 метри од плажата и на 400 метри од центарот. Во понудата има студија за 2 лица опремени со мини кујна. Секое студио има свој тоалет и можност за користење на клима со доплата по желба. Собите се со бочен поглед на море. Вилата има безжичен интернет.