Book Now!
mag*an

Вила КЛЕОПАТРА се наоѓа во централниот ден на Калитеа над супермаркетот Масутис, на околу 600 метри одалеченост од плажа. Располага со четрикреветни дуплекс апартмани со капацитет 4+2 ( спална со дули кревет, спална со два единечни кревети и дневна просторија со кауч и кујна). Сите апартмани имаат балкон, кујна комплет опремена, бања, ТВ, Користењето на клима уредот е со доплата (5еур дневно) во месеците Мај,Јуни и Септември додека во Јули и Август е бесплатно.

Мапа: Villa-KLEOPATRA~Kalithea


Табела бр.1 – вонсезонски цени


Табела бр.2 – сезонски цени


Табела бр.3 – вонсезонски цени


НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. Напомена: Во апартман минимум 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, трето и четврто лице плаќаат задолжително по 35евра.
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
  • Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 03:30 часот, а поаѓање во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Магелан НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Ви Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

Цена на превозот:

  • Превоз за возрасен 35евра / Еден правец 25 евра
  • деца 2- 11,99години 25евра / Еден правец 20 евра / Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно.