Price: Early booking :
Book Now!

Крф Лето 2018

Тој што досега го посетил островот Крф со сигурност посакува да го посети повторно. Магичен осттров во Јонското море кој ги комбинира софистицирана атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи . Островот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување . Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необицно и привлечно. Стариот Град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Покрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села. Крф е вистинскиот рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили .

Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

Екскурзии:

GLYFADA – Една од најубавите плажи на островот позната помеѓу туристите и како “Golden Beach” поради исклучиво ситниот песок. Глифада ви дозволува денот да го поминете активно на тереннот за одбојка, но исто така и за оние фанатици на на водени спортови,можат да уживаат во jet sky, летање со патобран или пак да си изнајмите педалина или кајак. Или пак да си ги наполните батериите уживајќи под сонцето на лежалките во еен од најдобрите beach барови  Pazzuzzu и да го поминете остатокот од денот во релаксирачка атмосфера со разни пијалоци и во звуците на миксовите на диџеите. 
Глифада 15€
(целодневна екскурзија со автобус + водич пратител за целата екскурзија)

ПАЛЕОКАСТРИЦА – Ако барате рајски убавини на Крф тогаш тоа е дефинитивно Палеокастрица. Енергијата на ова место вибрира на повисоко ниво од другите места, токму поради богатата историја и чудата што ги создала природата. Палеокастрица или ” Бисерот на островот” претставува природен витраж насликан во азурно-тиркизна боја која го плени сечиј поглед. Целодневниот излет ќе го започнеме со двете градски плажи – Авантурата е најадекватниот синоним за оваа песочна плажа , тргнувајќи од многуте локали па се до фасцинантната пештера сместена  меѓу карпите до чија убавина стигнуваме само со пливање , кајак или педалина. На само неколку чекори возбудата ви нудиме мир и релаксација на плажата истраена со ситни камчиња.

La Grotta bar  е местото кое поимот за забава го искачува на повисоко ниво. За сите зависници од шармот на висините тука се карпите високи од 8-15 метри за адреналинско скокање. Извонредните коктел мајстори ги задоволуваат и најизострените сетила за вкус, а уживањето е комплетно со звуците на chill out музиката на диџејот. Од таму се упатуваме кон највисоката точка на Палеокастрица , месноста Lakones . Залезот на сонцето го дочекувме опуштено со пијалак во рака во најпопуларниот Golden Fox. За ова место сите посакуваат билет само во еден правец, базенот, убавата атмосфера и панорамскиот поглед причинуваат опивно задоволство од кое несакате назад во реалноста.
Палеокастрица 25€ (целодневна екскурзија со автобус + водич пратител за целата екскурзија)

BOAT TRIP или ИЗЛЕТ СО БРОД – целоднево крстарење со брод по североисточната обала на островот. Со првото утринско кафе одпловваме од Ипсос, и започнуваме со разгледот на прекрасните плажи на Барбати, Нисаки, Калами, Колура, вилата на Аниели, семејството Ротшилд. Првото застанување е на дивата плажа Limnopula( мало езеро ) каде што додека капетанот на спрема скарата и ручекот, ние пливаме во критално чистата вода, скокањето од бродот секако е дозволено, и одкога ќе ја надополниме енергијата со вкусниот ручек се упатуваме кон градчето Касиопи. Овде слободното време го користиме за прошетка, релаксирање покрај пристаништето во Лимани Бар, уреден во стилот на Flintstones или пак качување до тбрдината Касиопи, стара 300 години од каде што може да направите спектакуларни фотографии на грчко-албанската обала. На патот назад застануваме на уште 2 места , водата во едниот залив едноставно ќе ве запрепасти со нејзината кристлно чиста форма, а во другиот залив времето ни е резервирано за нуркање и пливање во и околу мистериозната пештера стара околу 200 години. Продолжуваме назад кон Ипсос и го завршуваме денот во капење на градската плажа раскажувајќи ги импресиите од денот.
Крстарење 25€ (целодневно крстарење на североисточниот дел на островот + водич пратител за целата екскурзија)

Акваленд 27€ (целодневна програма со вклучен превоз)


КРФ ВИЛИ    ESCAPE     RIA FIVOS   LA MAISON
Термин          
      Поглед море     Поглед море  
02.јун 09.јун 79€ / 99€ 89€/109€ 79€/ 99€ 79€ / 99€ 89€/109€ 79€ / 99€
09.јун 16.јун 89€/ 109€ 99€/119€ 89€/ 109€ 89€ /109€ 99€/119€ 89€/ 109€
16.јун 23.јун 99€ / 119€ 109€/129€ 99€ / 119€ 99€ /119€ 109€/129€ 99€ / 119€
23.јун 30.јун 129€/ 149€ 139€/159€ 129€/ 149€ 129€ /149€ 139€/159€ 129€/ 149€
30.јун 07.јул 149€/ 169€ 159€/179€ 149€/  169€ 149€ /169€ 159€/179€ 149€/ 169€
07.јул 14.јул 179 € 189 € 179 € 179 € 189 € 179 €
14.јул 21.јул 219 € 229 € 219 € 219 € 229 € 219 €
21.јул 28.јул 219 € 229 € 219 € 219 € 229 € 219 €
04.авг 11.авг 219 € 229 € 219 € 219 € 229 € 219 €
11.авг 18.авг 219 € 229 € 219 € 219 € 229 € 219 €
18.авг 25.авг 219 € 229 € 219 € 219 € 229 € 219 €
25.авг 01.септ 199€ /219€ 209€/229€ 199€ /219€ 199€ /219€ 209€/229€ 209€/229€
01.септ 08.септ 139€ /159€ 149€/169€ 139€ /159€ 139€ /159€ 149€/169€ 149€/169€
08.септ 15.септ 129€ /149€ 139€/159€ 129€ /149€ 129€ /149€ 139€/159€ 139€/159€
15.септ 22.септ 129€ /149€ 139€/159€ 129€ /149€ 129€  /149€ 139€/159€ 139€/159€
22.септ 29.септ 119€ /139€ 129€/149€ 119€ /139€ 119€ /139€ 129€/149€ 129€/149€

Термините означени со црвена боја се Распродадени

Цената на аражманот е по лице и вклучува : 

  • 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос
  • Автобуски превоз до Крф
  • Траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица
  • Поаѓање од Штип и Струмица
  • Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

Цената на аражманот не вклучува :

  • Глифада ( цел ден плажа ) – 15 евра (превоз, организација и водство)
  • Палеокастрица ( целодневна екскурзија со посета на повеќе плажи ) – 25 евра (превоз, организација и водство)
  • Крстарење  ( Север – Исток ) – 25 евра (крстарење со брод, ручек, пијалок, организација и водство)
  • Акваленд – 27 евра (превоз и влезница со достап до сите топогани)
  • Трансфер: Скопје и Велес 10
  • Доплата за клима 5на ден ( се плаќа во вилите )
  • Патничко осигурување 4,1€  (задолжително )
  • Туристичка такса 1€ на ден по соба, се плаќа во агенцијата

Напомена : 

  • Стувањето е во двокреветни студија и Двоспални апартмани
  • Попуст за деца до 6г. -30% ( не користи кревет )
  • Еднокреветна соба  + 50% доплата
  • За сопствен превоз се одземаат 10€ од цената (од редовната цена, за цените на попуст не важи)
  • Факултативите се организираат според бројот на пријавени патници