Book Now!
egz*tr

Лисабон – Нова Година 2019
6 дена / 5 ноќевања


1 Ден (29.12.18 – Сабота) Скопје – Софија – Лисабон
Лет од аеродромот во  Софија, терминал 2 со директен лет Бугарија Ер до Лисабон во 22:40 часот. Пристигнување на аеродромот во Лисабон во 00:50 на 30.12.18. Пречек на аеродромот од страна на партнер агенцијата во Португалија. Трансфер и сместување во избраниот хотел . Ноќевање.

2 Ден (30.12.18 – Недела) Лисабон
Појадок во хотел. Целодневен панорамски разглед на неверојатниот Лисабон во придружба на локален туристички водич на бугарски јазик, посета на Статуата на Христос -вклуче во цената. Разгледот го започнуваме во неселбата Белен и плоштадот Алфонсо Албукерк. Таму ќе имате можност го видите импресивниот манастир Жеронимуш кој е изграден  во 1502 год. и е во чест на враќањето на Васко де Гама од Индија, а се одликува со типичен португалски мануелински стил. На 13 Декември 2007 година во него беше потпишан Лисабонскиот договор на Европската Унија, а ќе ја видите и познатата кула Белене која датира од 16 – тиот век. Посета на споменикот на првите истражувачи (надворешно) и Беленската палата (надворешно). Потоа, се движиме кон Христовата статуа инспирирана од споменикот на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро. Статуата ја подигнале жителите на Лисабон, како благодарност за зачувувањето на градот за време на Втората Светска Војна. Од панорамското катче кое се наоѓа над споменикот се открива прекрасен поглед кон градот и кон Мостот 25 Април, подигнат над местото каде што реката Тахо се влева во океанот. Се упатуваме кон историскиот центар: булеварот Независност, плоштадот на реставраторите, плоштадот Росиу со статуата на Педро Четврти и зградата на Народниот театар, плоштадот на Трговијата со споменикот на Хозе Први и Арката, од каде што започнува раздвижената улица Аугуста. Се движиме кон квартот Алфама, најстарата област во градот, која е богата автентични фадо ресторани. Можеме да кажеме дека ова е срцето на градот и местото каде што најдобро можете да го почувствувате истиот. По прекрасното искуство, се упатуваме кон новиот дел на градот, каде што ќе го посетиме и Паркот на нациите, регионот во кој се одржа Експо 98. Денес паркот е претворен во место за забава, изложби и се што претставува поим за култура. Тука се наоѓа и океанариумот со длабочина од 7 метри и над 100 видови водни жители. Ќе го видите и лифтот што води до Кулата на Васко де Гама со прекрасен поглед кон мостот “Васко де Гама”, кој има вкупна должина од 12.345 метри, што го прави овој мост најдолг во Европа. Времетраењето на екскурзијата е околу 7 часа. Слободно време за индивидуални активности по завршување на екскурзијата. Ноќевање.

3 Ден (31.12.18 – Понеделник) Лисабон – Дочек на Новата 2019 – та година
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна екскурзија до Синтра, Кабо да Рока, Есторил и Каскаис (доплата 70 евра). Културната област Синтра се наоѓа на списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО. Ќе имате можност да посетите едно од најубавите места во Португалија – градот Синтра, настанат во тврдината на Маврите, изградена во периодот на Арабскиот калифат, која што во 1147 година била превземена од кралот Алфонс I и преименувана во летна резиденција на португалските монаси и аристократи. Лорд Бајрон за Синтра напишал: “Градот е полн со природни убавини создадени од човечка рака. Дворци и градини се возвишуваат помеѓу карпи, водопади и бездни, помеѓу манастири, изградени на неверојатни височини, каде се открива панорамски поглед кон морето и Тахо. Пејзажот ја обединува дивината на западните планини со бујното зеленило на јужна Франција”. Секој еден од замоците ќе ве остави без здив – “Замокот на маврите”, дворецот “Да Пена” и кралскиот дворец на Синтра се само мал дел од атракциите. Во цената е вклучена посета на дворецот „Quinta da Regaleira“ – Уникатен дворцов комплекс во нео – готски стил, на територија на која што се наоѓаат парк со езера, пештери, фонтани и различни архитектонски каприци, а го носи името на бароницата Реџелеира, поради тоа што таа го откупила имотот во 1840 година, истовремено познат како Дворецот на милионерот Монтеиро. Слободно време за прошетка низ волшебната Синтра, во кое што можете да купите сувенир и посетите некој од многубројните занаетчиски дуќани, или пак да се напиете кафе со кое ќе имате можност да ги вкусите домашните колачи “queijada”. Екскурзијата вклучува и посета на Каскаис, кој бил претворен во аристократско одморалиште дури откако кралот Луис I ја изградил палатата Palacioda Citadela во 1870 година. Во Каскаис се наоѓа познатиот залив Bocado Inferno, каде брановите на Атлантикот се разбиват во бреговите како грмотевица. Каскаис се смета за едно од најскапите одморалишта не само во Португалија, туку и во Европа. На 30 километри од Лисабон е лоциран крајбрежниот град Есторил – во минатото познат како место за прогонство на европските кралски семејства, кои биле принудувани да ги напуштаат своите земји. Дел од нив биле кралот Умберто II од Италија, Хуан де Бурбон од Шпанија, како и кралот Керол од Романија. Во Есторил ќе имате можност да ја видите и една од најважните знаменитости на градот – палатата Palaciode Conde De Castro Guimaraes. Денес Есторил е светски познат туристички центар – тука се наоѓа и најголемото казино во Европа – наречено по самиот град, “Есторил”. Одморалиштето исто така нуди возбудлив ноќен живот. Во Кабо да Рока – најзападната точка на континентална Европа, ќе ја имате уникатната можност да му се восхитувате на прекрасниот поглед кон Атлантскиот Океан. Ноќевање.
                                                                                      *** Дочек на Новата 2019 година ***

4 Ден (01.01.19 – Вторник) Лисабон
Појадок . Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови можност за посета на локален ресторан со вклучена вечера во „Café Luso – Fado & Food Group“, како и автентични изведби на традиционална фадо музика во живо, која што го опишува силниот и остар пиринејски карактер, како контраст на меката, меланхолична душа на португалскиот народ. (се доплаќа – 50 евра).

5 Ден (02.01.19 – Среда) Лисабон
Појадок. Слободно време или можност за дополнителна екскурзија до Обидош, Батала, Назаре, Фатима (доплата 75 евра).

  • Обидош (70 километри од Лисабон) е мало живописно гратче, кое се смета за едно од најволшебните места во Португалија – познато е по малите бели куќички со цвеќиња по прозорците, фреските на куќите кои датираат уште од 7 – иот век, како и убавите тесни улички исполнети со продавници кои нудат вкус на ликер од цреша.
  • Назаре (40 km од Обидош) е типично рибарско селце, лоцирано на Атлантскиот брег, со традиционални продавници и многу ресторани во кои се нуди свежо приготвена риба. Панорамниот поглед од терасата на центарот кон Атлантскиот Океан и широката линија на плажата ќе ве остават без здив.
  • Батала (30 km од Назаре) е познат по истоимениот манастир – кој што истовремено е едно од најголемите готски ремек дела во Европа, под заштита на УНЕСКО.
  • Фатима (19 километри од Батала) – светски познат религиозен центар за поклонување. Комплексот потсетува на Ватикан, а за некои е дури и повеќе интересен од градот на Папата, пред се поради огромниот плоштад, долгата алеа на која се бара исцелување за болните, илјадниците запалени свеќи со молитва за здравје, како и величествената катедрала посветена на Богородица. Враќање во хотелот. Ноќевање.

6 Ден (03.01.19 – Четврток) Лисабон – Софија – Македонија
Појадок. Напуштање на собите околу 12:00 часот. Слободно време или можност за полудневна екскурзија до Арабида со посета на винарска визба (доплата – 45 евра). Екскурзијата започнува со посета на фабриката за производство на познатите насликани плочки “ажулезо”, карактеристични како за Лисабон, така и за целата земја. Ќе имате и неповторлива можност да го проследите процесот во кој се прават плочките, следејќи ја технологијата од 17 – тиот век. Екскурзијата завршува со посета на винарска визба и музејот Bacalhoa, лоцирани на 35 километри од Лисабон, во регионот на Арабида. Визбата е дел од комплекс изграден во 14 – тиот век. Ќе имате можност да ги разгледате колекциите од сите три области кои ги нуди музејот: срцето на Африка (претставени се различни скапоцености од Ангола), колекција во стил Арт Деко и Арт Нуво, како и колекција посветена на плочките “ажулезо”. Следува кратка дегустација на вино. Тансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување кон Софија во 02:25 часот локално време. Слетување во Софија во 08:30 часот. Организиран трансфер до Скопје.

                Период на патување: 29.12.2018 – 03.01.2019 


Хотели во Лисабон Основата на исхраната По лице во двокреветна соба Еднокреветна соба Трето возрасно лице во двокреветна соба Дете (2-11) во двокреветна соба
HOTEL FLORIDA 4* Појадок 879 €  1140 €  695 € 575 € 
HOTEL HF FENIX 4* Појадок 890 €  1390 €  N / A N / A
HOTEL PORTOBAY LIBERDADE 5* Појадок 1190 €  1800 €  На барање! На барање!

Цените вклучуваат : 

  • Aвио билет Софија – Лисабон – Софија ”Бугарија Еир””
  • Aеродромски такси и багаж до 23 килограми по лице;
  • 5 ноќевања со појадок во избраниот хотел;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • Екскурзија на стариот Лисабон со туристички водич на бугарски јазик;
  • Медицинско осигурување до 10 000 евра со осигурителната компанија Армеец;
  • Претставник на бугарски јазик за време на патувањето и престој во Лисабон.

Цените не вклучуваат:

  • Новогодишна вечера (чекајте ги нашите предлози!)
  • Дополнителни факултативни екскурзии
  • Можност за трансфер од Скопје / Штип / Струмица – Софија ( цена во зависност од бр. на патници )
  • Задолжителен индивидуален градски данок во хотелот –  1 евро по лице дневно
  • Трошоци од лична природа
  • Патничко осигурување

Потребни документи:

  • Меѓународен пасош / валидност минимум 6 месеци од датата на поаѓање;
  • За деца до 18 години, кои патуваат без еден или без двајцата родители, потребно е нотарски заверено полномоштво од еден или од двајцата родители!
  • Патувањето е без визи и без медицински барања за имунизации!

Крајни рокови за отказ и пенали:

Патниците имаат право на еднострано раскинување на договорот за патување во било кое време пред почетокот на туристичкиот пакет, откако ќе ги уплатат следниве износи:

  • До 60 дена пред денот на патување: без пенали;
  • Од 59 дена до 31 ден пред патувањето – пенали во вредност на депозитот;
  • Од 30 до денот на патување: 100 % пенали;

Напомена:
Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговиот престој, сите дополнителни трошоци, вклучувајќи го и транспортот, ќе бидат на негов трошок. КОРИСНИКОТ има право да го отстапи своето право на патување на трето лице во рамките на спецификациите на дестинацијата, со издавање на авионски билети за меѓународни летови, најдоцна до 20.12.2018 година со обврска да му ги исплати на ТУРОПЕРАТОРОТ само дополнителните суми поврзани со евентуално преиздавање на билети.