Duration: 25 Apr 2019 - 30 Mar 2019
Price: 285€
Book Now!
par*fly

Магично но вистинито и незаборавно доживување на Кикладските острови за Велигденските и првомајските празници
Парос, Наксос, Делос, Миконос

(25.04-30.04.2019 – 4 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК)

1 ден – 25.04.2019 (четврток) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 16:00 часот. Поаѓање на автобусот во 16:30 часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2 ден – 26.04.2019 (петок) ПАРОС
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаништето е во 07:25 часот по локално време, и пловење за Парос. Пристигнување на Парос околу 12:00 часот на пладне. Сместување во хотел Трансфер од пристаниште до хотелот во Парикиа, Неа Кристи Акти, или во  Науса. Време за одмор, и слободни активности. Се до 15:00 часот по локално време. Околу 15:30 часот факултативно се упатуваме према преубавиот манастир Св. Ѓорѓија (St. Geogre) каде што ќе бидеме присутни на една традиционална манифестација во присуство на скоро сите жители/мештаните од островот Парос и заедно со монасите од манастирот ќе бидеме сведоци на традиционалните обреди и ритуали како подготовка за големиот Христијански празник – Велигден (Велики Петок). Околу 17:00 часот враќање во хотел. Време за слободни активности се до 21:00 часот. Потоа се упатуваме на факултативна посета до селото Марписа каде ќе бидеме дел од традиционалната манифестација по повод Велики Петок и сведоци на традиционалниот обред којшто секоја година сите млади луѓе од селото изведуваат претстави во чест на Христовите Страдања и традиционално носење на телото на Исус Христос таканаречен Епитаф и посета на некоја од локалните црвки. По манифеставијата во Марписа околу 23:00 часот, враќање во хотел со можност за попатна посета на местото Писо Ливади, каде ќе имаме можност за пауза за сите оние кои имаат желба за вечера и пијачка во некоја од локалните таверни (каде на тој ден се служи риба, морска храна.. посна храна). Враќање во хотел. Ноќевање. 

3 ден – 27.04.2019 (сабота) ПАРОС
Појадок. По појадокот, околу 10:00 часот се упатуваме на целодневна факултативна екскурзија и разглед на островот, запознавање со сите знаменитости, посета на сите цркви и замоци, посета на Парикиа која е главна општина на Парос и ќе биде наша прва дестинација, запознавање на археолошките музеи на Парос. Посета на пост византиската црква Catapoliani (црква со 100 врати), можност за прошетка по тесните улици на Парикиа, се до замокот Frankish и терасата на античкиот храм на божицата на мудроста Атина, каде што ќе имаме можност да направиме преубави фотографии. Истиот ден ќе имаме можност да се упатиме и да го посетиме заливот т.н. Науса, кое е мало рибарско пристаниште со традиционални рибарски бродови наречени каики кои создаваат уникатна глетка. Науса имало големо значење во историјата на овој остров, каде во 1770-та година било главно пристаниште и седиште на руската флота, во текот на овој период Науса била трговски центар токму заради нејзиното значење и местоположба на заливот. Денеска ова гратче има околу 1200 жители и во текот на изминатите неколку години се изградени многу нови куќи, но сепак овој град го задржал својот изглед и шарм како што бил и предходно. Во овој град ќе имаме можност да посетиме многу остатоци од замоци кои датираат од 15-ти век, Византиски музеи во кои се наоѓаат бројни икони од 12-ти и 13-ти век, како и бројни археолошки наоѓалишта. На влезот во градот се наоѓа црквата Св.Атанасиј од 17-ти век. Ќе имаме можност да ги посетиме најавтентичните села на Парос, а тоа се Марписа и Лефкес и можност и време за индивидуален ручек каде би можеле да ги вкусиме специјалитетите кои ги нудат на рибарското пристаниште Писо Ливади. По посетата на Лефкес ќе имаме можност да го посетиме гратчето Дриос, кое што се наоѓа најјужно на островот, во кој што има остатоци од Византискиот период. Враќање во хотел и време за слободни активности се до 21:00 часот. Околу 21:30 часот факултативно се упатуваме на Пред-Велигденска литургија према монденскиот град Науса во една од локалните цркви каде ќе присуствуваме на литургија за Воскреснувањето на Исус Христос. По завршувањето на литургијата индивидуално сите оние кои имаат желба по ваш избор можеме да посетиме некоја од локалните таверни коишто на тој ден работат скоро цела ноќ и да имаме индивидуална вечера. Препорака за овој регион и за таа вечер е јагне на жар, традиционална грчка јагнешка чорба Магирица, црвено јајце, локални сирења и традиционални слатки. По полноќните часови, по завршувањето на Велидгенската церемонија. Враќање во хотел. Ноќевање. 

4 ден – 28.04.2019 (недела) ПАРОС
Појадок. По појадокот слободно време се до 10:00 часот. Факултативно околу 10:00 часот се упатуваме према главната црква  во градчето Марписа на втората манифестација од Велигденска литургија и каде по завршувањето на литургијата пешки се упатуваме према фудбалското игралиште на Марписа, каде традиционално секоја година се одржува обредот “Reception Of Love”. Поставени се големи трпезариски маси насекаде околу дрвјата Еукалиптус каде госите ќе може да се послужат со онолку колку што сакаат од печено јагне, црвени јајца, сирења, салати, и локално домашно произведено вино. Сетоа ова е бесплатно на овој ден и во овој период, освен доколку сакате традиционалното домашно вино да ви биде послужено во керамички сад за вино рачно произведен на островот, виното ќе мора да го платите. Целата оваа церемонија ќе биде проследена со убава ораганизација од страна на Асоцијацијата на жени од Марписа, кои ќе бидат облечени во традиционална носија и ќе играат традиционални танци и ора за ова подрачје. Во попладневните часови помеѓу 16:00-17:00 часот се упатуваме во посета на Науса, каде што сите гости на осторовот ќе може да уживаат во прекрасната забава која што традиционално се организира во пристаништето на Науса и каде што по наша желба може да останеме до доцните часови, или во договор со групата враќање во хотел. Ноќевање. 

5 ден – 29.04.2019 (понеделник) ПАРОС
Појадок. По појадокот околу 09:00 часот поаѓање на факултативна екскурзија, крстарење со традиционален каики брод, капење и скара/ручек на брод. Во 09:30 часот заминување од Писо Ливади и се упатуваме со брод према заливот Агиос Костис кој се наоѓа на југ од островот Наксос. Тоа е живописен залив каде ќе имаме можност за разглед и капење во кристално чистото море. Продолжуваме кон југ во пештерите на местото Като Коуфониси. Посета на уникатните пештери на Гларониси, кое е мало островче помеѓу Като и Пано Коуфониси, овде се задржуваме и имаме можност за слободни водени доживувања. Потоа се упатуваме на јужниот дел на Като Коуфониси каде ќе имаме слободно време уживање, пливање и ручек (вклучува: месо на скара-суфлаки 350гр, грчка салата, цазики, росики салата, овошје и пијалоци-вода, вино, узо, пиво, сокови). По капењето и ручекот на брод се упатуваме према пристаништето на Коуфониси за да го видиме истото село одблизу, каде ќе ни биде и последна станица за сончање и водени доживувања во прекрасната пештера Рина која што се наоѓа на крајбрежјето на островот Наксос. Со ова завршува оваа факултативна екскурзија каде што имаме можност да го видиме јужното крајбрежје на островот Наксос. Околу 16:30 часот пловење за Парос-Писо Ливади, околу 18:30 часот пристигнување на Парос и трансфер до хотел. (Во случај моменеталните временски да не дозволат да се оствари оваа факултативна екскурзија, предлог од агенцијата факултативна посета на островот Антипарос, каде што од хотел со нашиот автобус се упатуваме до пристаниште и од каде што со брод на само 5-минути пловење ќе бидеме на островот Антипарос и ќе имаме можност да го разгледаме индивидуално гравниот град Хора, можност за индивидуални прошетки и посета на некои од локалитетите. Време за слободни активности. Индивидуален ручек. Во договор со групата поаѓање и враќање во хотел. Време за слободни активности). Ноќевање.

6 ден – 30.04.2019 (вторник) ДЕЛОС – МИКОНОС
Појадок. По појадокот околу 08:30 часот факултативно со автобус и локалниот водич  се упатуваме према пристаништето на Парос од каде со брод ќе испловиме према островите Делос и Миконос. За останатите слободно попладне и време за слободни активности се до 18:00 часот. (Сите оние кои што ќе сакаат да ги задржат своите соби до 18:00-18:30 треба да си доплатат 15€ по соба).  Прва станица ќе ни биде посета на островот Делос кој претставува стар археолошки град (музеј), каде сите  коишто имаат желба да влезат во археолошкиот град индивидуално треба да платат влезница по цена на чинење на каса заедно со стручниот локален водич кој ќе ги води низ археолошкиот град. По дво-часовната посета на островот Делос со истиот брод се упатуваме према најпознатиот космополитски остров во Грција Миконос рај во срцето на Кикладските острови. Овде со нашиот локален водич на ова патување ќе можете да откриете фасцинантен свет, каде што гламурот се спојува со едноставноста. Според митологијата Миконос е остров кој настанал од скаменетите тела на џиновите од страна на Херкулес, најпознатото сценско ќоше на островот е ALEFKANTRA или така наречена мала Венеција, која датира од 18-ти век. Тоа е област во која доминираат куќички на големите капетани, со шарени балкони, и стилски прозорци, со балкони издигнати над морето токму како да ви поминуваат пред вас слики од познатиот италијански град Венеција, пробајте да се релаксирате на брегот пиејќи кафе и восхитувајте се на погледот кон големите ветерници, поставени на ридот пред вас кој што ќе имаме можност да ги видиме и да се фотографираме пред истите. Центарот на Миконос, така наречен Хора е место каде може да започне нашето откривање на гламурот на островот, прекрасните плажи и така шетајќи надвор од летната сезона може да наидеме на средба со познати личности како дел од гламурот на Миконос, кои главно го посетуваат пред бурната летна сезона. Во попладневните часови враќање према Парос пристаниште Науса. (Околу 18:30 часот се упатуваме према пристаниште и околу 19:20 часот чекирање на брод и пловење кон Пиреа. Пристигнување во Атина-Пиреа околу 23:00 часот. Патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден 01.05.2019 во раните утрински часови.


РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 285€


Во цената на аражманот е вклучено:

  • 4 ноќевања со појадок во хотел со 2* или 3* Науса, Парикиа или Неа Кристи Акти
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје.
  • Бродски билет на релација Пиреа – Парос – Пиреа економска класа BLUE S
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • Пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој.
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Факултативна посета опишана во 2-ри ден – (трансфер со автобус+пратител) – 5
  • Факултативна посета на Марписа (традиционална манифестација по повод Велики Петок) опишани во 2-ри ден – 5
  • Факултативи опишани во 3-ти ден (разглед на островот со автобус) – 37
  • Факултатива посета на Пред-Велигденски обред во локална црква во Науса опишана во 3-ти ден – 10
  • Факултативи опишани во 4-ти ден (Велигден) – 10€
  • Крстарење со традиционален каики брод со капење на јужното крајбрежје на островот Наксос и ручек на брод, опишана во 5-ти ден – 70
  • Посета на островите Делос и Миконос опишани во 6-ти ден – 65
  • Сите трансфери по желба на патниците хотел-Парикиа-Науса-Писо Ливади-Марписа-Лефкес-Дриос и други познати градчиња на островот-хотел- 5
  • Доплата за едно креветна 1/1 соба се доплаќа 113€/6.990 денари
  • деца од 0 год.-1.99 год. бесплатно со двајца возрасни и не користи кревет
  • деца од 2 год.- 5.99 год. плаќаат 99€/6.140 денари (само превоз+бродски билет) и не користи кревет
  • деца од 6 год.-11,99 год. плаќаат 177€/10.975 денари
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за музеи и локалитети

Цени за користење само превоз и бродски билет Скопје-Парос-Скопје:

  • Превоз со високотуристички автобус 80€/960 денари
  • Бродски билет Пиреа – Парос – Пиреа 80€/960 денари

Информација за патници со сопствен превоз:

  • Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денари по правец
  • Бродски превоз по лице 40€/2.480 денари по правец (економска класа)

Доплата за :

  • Авионски седишта 25€/1.550 денари по правец
  • Бизнис класа 35€/2.170 денари по правец
  • Кабина за спиење 89€/5.520 денари по правец

Напомени:

  • Хотелите се со 2* или 3* се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • За реализација на оваа програма потребен е минимум од 40 патника.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • За реализација на сите горе наведени факултативни излети потребен е минимум од 25 патника.
  • При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот и уплата за истите од 30% (во случај да се откажете попатно уплатените средства не се рефундираат и не се префрлаат со друга факултатива)
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
  • При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот и уплата за истите од 30% (во случај да се откажете попатно уплатените средства не се рефундираат и не се префрлаат со друга факултатива).
  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на лице место.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети