Duration: 29 Dec 2018 - 01 Jan 2019
Price: 89€
Book Now!

сав*на

29.декември (сабота) СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30.декември (недела) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31.декември (понеделник) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, Дочек на Новата 2019 Година, на плоштадот “Слобода” или пак можност за факултативна – Свечена новогодишна вечера во ресторан. Ноќевање.

01.јануари (вторник) НОВИ САД – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности….или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 89 € 


Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Лав *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна новогодишна вечера во ресторан
– Организиран ручек во Салаш
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги


Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Ви Травел