Book Now!

sk*t

 Будва – Сутоморе – Бар 

 3 ДЕНА СО  2 НОЌЕВАЊА-АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ СО ВИСОКО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС И СТРУЧЕН ВОДИЧ
МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ЛИЧНА КАРТА
Поаѓање од Штип и Струмица,

 Термини : 

  • 19.10-21.10.2018 
  • 26.10-28.10.2018
  • 02.11-04.11.2018
  • 09.11-11.11.2018
  • 16.11-18.11.2018
  • 23.11-25.11.2018
  • 30.11-02.12.2018
  • 07.12-09.12.2018

Состанок на групата во 14.00 часот кај паркингот на Спортски Центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Црна Гора. Се патува  преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

САБОТА
Во 09.00 часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. (За оние кои сакаат да ноќеваат во манастирот, остануваат во конаците во Горниот Манастир – каде не се наплаќа ноќевање или во Долниот Манастир- конаци Св. Тројца каде ноќевање е 5 евра. Оние кои ќе останат на Острог во попладневните часови ќе присуствуваат на литургија, а ние следниот ден во недела наутро ќе дојдеме да ги земеме). Оние кои нема да ноќеваат во Манастирот патувањето го продолжуваат за Будва. Слободно време за индивидуален разглед на градот и можност за факултативна вечера во ресторан во Будва. Враќање  во Сутоморе во вечерните часови. Ноќевање.

НЕДЕЛА
Во 11.00 часот. Поаѓање од Сутоморе за Бар. Слободно време за прошетка покрај пристаништето во центарот на градот или пак посета на дворецот на Крал Никола во Бар. Во 14,00часот поаѓање за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – 2290 ден

 

Во цената е вклучено::

  • Превоз на релација Струмица- Штип – Скопје-Црна Гора -Скопје – Штип – Струмица
  • 2 ноќевања  во Сутоморе-апартманско сместување (или 1 ноќевање во Сутоморе и 1 ноќевање во Острог)
  • Посета на Острог, Будва, Бар
  • Организација и реализација на патувањето.

   

Во цената не е вклучено :

  • Излетничка такса во Црна Гора 1 евро
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Факултативно вечера во Будва
  • Доплата за ноќевање во Вила Ексклузив 500 денари
  • Доплата за 1/1 соба 30% од аранжманот

   

Напомена:

  • организаторот го задржува правото на промена наактивностите во програмата
  • За ова патување важат општите услови за патување на Ви Травел
  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници