Book Now!
ig.a

Куќата Панорама“ е лоцирана на самата плажа во Сарти, во првиот ред. Располага со двокреветни и трикреветни студија, и со четирикреветни и петкреветни апартмани. Секоја соба има тоалет, тераса (некои со директен поглед кон море), ТВ, клима-уред и интернет кои се вклучени во цената. Забелешка: Спалната соба во четирикреветниот апартман е без природна светлина-прозорец.
Локација: villa-Panorama


Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

24.5-31.5

7

89

35

31.5-7.6

7

109

35

7.6-14.6

7

119

35

14.6-21.6

7

149

35

21.6-28.6

7

169

35


Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2 студио сутерен

1/2 студио море

1/3 студио
стр. море

1/3 студио
поглед море

1/4 апартман сутерен

1/5 апартман поглед скали

1/5 апартман странично море

28.6-7.7

9

390

490

535

585

535

605

645

7.7-16.7

9

410

540

575

625

575

645

685

16.7-25.7

9

425

575

635

685

635

705

745

25.7-3.8

9

425

575

635

685

635

705

745

3.8-12.8

9

425

575

635

685

635

705

745

12.8-21.8

9

425

575

635

685

635

705

745

21.8-30.8

9

400

530

565

615

565

635

675


Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

30.8-6.9

7

169

35

6.9-13.9

7

149

35

13.9-20.9

7

119

35

20.9-1.10

10

99

35

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)


Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.