Book Now!
mag*an


ВИЛА ПАПАС се наоѓа во централниот дел на Парга над црквата, во близина на вила Лемони, располага со двокревети студија на прв кат и дуплекс апартман на приземје. Студио – два единечни кревети, со балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ТВ, купатило, клима (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi. Дуплекс апартман со две спални, брачен кревет, два единечни кревети и едно дополнително легло.


ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ за 7 или 9 ноќи на СТУДИО / АПАРТМАН


Вила ПАПАС
*Термин Бр.ноќ 1/2 СТД 1/4+1 ДУПЛ
25.05.2019 7 109 € 199 €
01.06.2019 7 130 € 290 €
08.06.2019 7 180 € 320 €
15.06.2019 7 300 € 450 €
22.06.2019 7 340 € 470 €
29.06.2019 9 460 € 620 €
08.07.2019 9 490 € 690 €
17.07.2019 9 520 € 750 €
26.07.2019 9 520 € 750 €
04.08.2019 9 520 € 750 €
13.08.2019 9 520 € 750 €
22.08.2019 9 490 € 690 €
31.08.2019 7 340 € 490 €
07.09.2019 7 230 € 400 €
14.09.2019 7 150 € 320 €
21.09.2019 8 109 € 199 €

 


поаѓањето е претходниот ден


НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
  •  Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот. Поаѓањето е претходниот ден, состанок на група во 22:30часот, поаѓање во 23:00часот од Дрводекор (наспроти Холидеј Ин). Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Магелан“ и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

Автобуски превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. Цена на превозот:

  • Превоз за возрасен 50 евра / Еден правец 35 евра
  • деца до 12години 40 евра / Еден правец 25 евра
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно