Book Now!
sa*a

VILLA DIMITRA – Pefki
Вилата се наоѓа на одлична локација во централниот дел на Пефки. Сместена е во мирна улица на само 50 метри од море, опкружена со сопствен двор и зеленило. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат: доктор, аптека, пекара, банкомат, супер маркет… Вилата располага со студија за сместување на 2 иили 3 лица и апартмани за 4 лица. Сите соби се опремени со кујна, тоалет, тераса, ТВ, клима.
Локација : Villa Dimitra



Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
За пакет аранжман (сместување + автобуски превоз) одобруваме -30 € попуст на вкупната цена
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Употребата на клима уред во објектите е бесплатна (каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 55 € (40 € за деца 2-12 год.)


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
   Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година.
* Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 31.12.2018 година.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.

НАПОМЕНA:
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.


Автобуски превоз за ЕВИА, според табелата од пакет аранжманот:

Место и време на поаѓање:
Скопје      00:30 h    (паркинг спроти хотелот “Holiday Inn”)
Велес       01:00 h    (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   01:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Гевгелија  02:30 h     (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 14:00 h (локално време, 13:00 мак. време)
Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    23:00 h *      (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     22:00 h *      (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        23:00 h *      (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       23:10 h *      (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          23:55 h *      (паркинг пред пошта)
Кичево       22:45 h *      (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга        21:30 h *      (хотел Дрим, трафики)
Охрид         21:45 h *      (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          22:30 h *     (спроти автобуска станица)
Битола        23:30 h *      (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        00:15 h        (БП Лукоил)
Кавадарци   01:00 h        (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      00:15 h        (БП Макпетрол)
Струмица     01:00 h        (паркинг пред Тинекс)
* Превоз со конекција од градови обележани со “*” поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.