fbpx
Book Now!
tur*st


Вила Reall Apartmani се наоѓа на 200м од плажа, во центарот на Полихроно, уличката која од црвата се спушта кон плажа, т.е до Хотел Посеидонио (види мапа). Вилата располага со лукс студија и апартмани  лоцирани на 3 спрата и приземје, ново отворена во јуни 2018та, и 2020 реновирана и проширена со дополнителни капацитети.  Собите располагаат со клима(вклучена во цена) + wifi (за брзината и јачината на интернетот агенцијата не презема одговорност) сите соби имаат ТВ, кујна, фрижидер, сопствен тоалет. Во нејзина близина е пешачката улица каде што има многубројни ресторани, кафетерии, бич барови, продавници за сувенири итн.


термини ноќи за 2 лица поглед море за 3 лица за 4 лица за 4 лица приземје поглед море за 5 лица
студио студио студио студио апартман апартман апартман апартман
1/2 1/2+1 1/3 1/3+1 1/3+1 1/4 1/4 1/4+1
06.06-13.06 7 191 215 215 239 263 287 335 371
13.06-20.06 7 263 287 287 311 323 347 371 431
20.06-27.06 7 359 371 371 395 419 443 469 527
27.06-04.07 7 407 431 431 467 491 503 551 611
04.07-11.07 7 467 467 467 491 503 515 587 647
11.07-18.07 7 491 503 503 515 539 551 611 683
18.07-25.07 7 527 539 539 551 575 587 659 719
25.07-01.08 7 527 539 539 551 575 587 659 719
01.08-08.08 7 527 539 539 551 575 587 659 719
08.08-15.08 7 527 539 539 551 575 587 659 719
15.08-22.08 7 527 539 539 551 575 587 659 719
22.08-29.08 7 479 491 491 515 551 563 659 683
29.08-05.09 7 419 455 455 467 491 515 587 647
05.09-12.09 7 311 359 359 371 395 419 479 539
12.09-19.09 7 251 311 311 335 359 371 443 491
19.09-26.09 7 175 197 197 208 230 252 307 340

Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари


Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет


Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)


Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год  10 € од редовната цена од/до Скопје
Дете од 2-11,99год   15 € од редовната цена од/до Битола и Прилеп
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Возрасно лице над 63год 10 € попуст


Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.


Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до Халкидики секоја НЕДЕЛА:

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 35 €
Велес – БП мотел Македонија 04;30 35 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03;40 45 €
Струмица – БП Макпетрол кај нов кружен тек, трансфер до Удово 05;00 45 €
Неготино – бензинска, Неготино 05;00 35 €
Удово – бензинска Удово 05;40 35 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06;00 35 €

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04;00 35 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03;15 35 €
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02;15 40 €
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола 02;15 45 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02;30 40 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03;15 40 €

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж


Опис на соби:

1/2 – двокреветно студио – се наоѓаат на 1ви спрат (2 единечни душеци споени во брачно легло)
1/2+1 студио со еден брачен кревет + 1 софа (погодна за деца до 14год) балкон со поглед на море
1/3 – трокреветно студио се наоѓа на 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен)
1/3+1 студио – на 2ри спрат (брачен кревет и единечен, и фиока се отвара како дополнително легло)
1/3+1 едно спален апартман – на 1ви и 2ри спрат (брачен кревет и единечен, и фиока се отвара како доп. легло)
1/4 апартман на приземје, о една спална, дневен престој со 2 единечни легла  и кујната
1/4 апартман, со една спална, на први спрат (брачен кревет + 2 единечни во дневниот престој и кујна)
1/4 апартман (поглед на море), едноспални апартмани на 3ти спрат, брачен кревет и 2 единечни легла
1/4+1 апартман, едноспален на 1ви спрат, брачен кревет, еден единечен кревет и софа/фиока (за 5то лице)
1/5 апартман со една спална со еден брачен кревет и 3 легла, лоциран на 2ри спрат