Duration: 19 Oct 2018 - 23 Oct 2018
Price: 139€
Book Now!
tu*t

Прага ( Карлови Вари – Виена) – 2НП

Термин:19 Октомври

1 ден 19.10.2018 СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот на спортската сала Борис Трајковски, во 14:30ч. Поаѓање на автобусот во 15:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден20.10.2018 ПРАГА:
Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден21.10.2018 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка…  да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче.Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa.За крај на денот, предлагаме факултативно посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки…   Ноќевање.

4 ден :22.10.2018 ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…. Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5ден :23.10.2018 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ139 €


Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага Виена – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
  • Посета на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT

Цената не вклучува:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 155 мкд
  • Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
  • Факултативен излет Карлови Вари – 25 евра
  • Крстарење со брод по Влтава – 15 евра
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма – 35 евра
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 2560 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.