Book Now!

ИТАЛИЈА- РИМИНИ ЗА МАЛИ, ГОЛЕМИ И 55+
ОДМОР СО АВИОН 8 ДЕНА – 7 НОЌИ
ВКЛУЧЕНИ 3 ЕКСКУРЗИИ – Болонија, Сан Марино и Римини!

Датуми за заминување:

01.06.2018, 08.06.2018, 15.06.2018, 22.06.2018, 29.06.2018, 06.07.2018, 24.08.2018, 31.08.2018, 07.09.2018, 14.09.2018, 21.09.2018


1 Ден Средба во 18:30ч. на Терминал 1 во Софија. Полетување во 20:45ч. за Болоња со авио компанијата Wizz Air. Слетување во 21:30ч на аеродромот во Болоња. Пречек и трансфер до Римини. Сместување во хотел SunSet 4*, Вечера. Ноќевање.

2 Ден Појадок. Информативна  средба за запознавање со реонот и дополнителните екскурзии. Полудневна екскурзија до историскиот центар на Римини (цена за градски транспорт и туристичко вовче се плаќа дополнително)- прошетка до Храмот на Малатеска, плоштадот на Римскиот Форум, Арката на Август, проштадот Кавур, мостот Тибериј и време за да го вкусите преубавиот италијански сладолед. Слободно време. Вечера, Ноќевање.

Зден. Појадок. Целодневна факултативна екскурзија до блескавата Фиренца (Цена- 60 евра) Програмата ги вклучува: плоштадот “Санта Марија Новела“, катедралата “Санта Марија дел Фиоре“- изградена во чест на Дева Марија, проштадот “Сињорија“ со Стариот Дворец, црквата “Санта Кроче“ (од надвор- за влез се доплаќа околу 6 евра), мостот “Понте Векио“ со златарските дуќани. Вечера. Ноќевање.

4 Ден. Појадок. Слободно време. Полудневна екскурзија до Равена (цена 28 евра без вклучени влезници), градот бил главен град 3 пати за време на различни епохи. Екскурзијата ги вклучува: плоштадот и мевзолејот на Данте Алигиери, пјаце Дел Пополо, дворецот на Теодорикс (од надвор), базиликата на “Свети Виталиј“, мевзолејот на Гала Плацидиј, Свети Аполинаре, базиликата Сан Витале (однадвор). Доколку сакате, во слободното време за посета на некои од објектите, може да купите комбиниран билет со цена  од 9,5 до 11,5 евра. Вечера. Ноќевање.

5 Ден Појадок. Целодневна екскурзија до Венеција (цена 64 евра по лице). Екскурзијата е со посета на плоштадото “Сан Марко“ со своите познати и елегантни кафулиња, Дворецот на дуждовите (однадвор)- место каде што се раѓале легенди, а денес е резиденција на Владата. Екскурзијата продолжува до мостот на воздишките. По средновековните тесни улички се стигнува до срцето на Венеција и најубавиот мост “Риалто“. Вечера.

6ден. Појадок. Целодневна екскурзија до Верона (цена 59 евра по лице)- град основан во 4ти век пред Христовото раѓање., расположен на брегот на реката Адиџе, блиску до езерото Гарда. Екскурзијата ги вклучува плоштадот “Бра„ каде што се наоѓа Општината и Арена ди Верона, плоштадот “Ербе“, плоштадот Де ла Сињорија, Куќата на Јулија, изградена во 13ти век, сопственост на фамилијата Капулети, Куќата на Ромео. Вечера. Ноќевање.

7 ден. Појадок.Слободно време.Полудневна екскурзија до Сан Марино (вклучена во цената). Посета на плоштадот на Слободата, Катедралата Дел Санто,Владиниот дворец.Вечера, Ноќевање.

8ден. Појадок. Слободно време. Напуштање на хотелот. Трансфер до Болоња. Пешачење низ центарот на Болоња: Симбол на градот се 2те закосени кули: Азинели и Гаризенда,  ќе ја видиме фонтаната на Нептун, плоштадот “Маџоре“, базиликата “Сан Петронио“ (вклучена во цената). Полетување за Бугарија во 22:05ч. Слетување во Софија во 00:50ч. (на деветиот ден)


Датуми на заминување Возрасен во 
двокреветна соба
Еднокреветна  
соба
3 возрасен 
во двокреветна соба
Дете 
2-5.99 години со 2 
возрасни
Дете 
6-11.99 години со 2 
возрасни
01.06.2018-08.06.2018 495 евра 606 евра 475 евра 265 евра 399 евра
08.06.2018-15.06.2018 505 евра 502 евра 935 евра 265 евра 407 евра
15.06.2018-22.06.2018 510 евра 630 евра 493 евра 265 евра 420 евра
22.06.2018-29.06.2018 510 евра 634 евра 498 евра 265 евра 423 евра
29.06.2018-06.07.2018 540 евра 658 евра 519 евра 265 евра 429 евра
06.07.2018-13.07.2018 540 евра 658 евра 519 евра 265 евра 436 евра
24.08.2018-31.08.2018 540 евра 658 евра 519 евра 265 евра 436 евра
31.08.2018-07.09.2018 512 евра 658 евра 493 евра 265 евра 423 евра
07.09.2018-14.09.2018 512 евра 619 евра 483 евра 265 евра 412 евра
14.09.2018-21.09.2018 502 евра 614 евра 479 евра 265 евра 407 евра
21.09.2018-28.09.2018 502 евра 614 евра 479 евра 265 евра 407 евра

Цената вклучува

  • Авионски билет со Wizz Air: Софија – Болоња – Софија, со вклучени аеродромски такси и  багаж (со димензии 55x40x23 до 10 кг.) И 20 кг. чекиран багаж
  • 7 ноќевања на база HB ( појадок и вечера ), вклучувајќи ½ вода и ¼ вино
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Екскурзија во Болоња со водич на бугарски
  • Полудневна екскурзија до Сан Марино со водич на бугарски
  • Полудневна екскурзија во историскиот центар на Римини со туристички водич на бугарски (јавен транспорт и атракции не се вклучени)
  • Претставник и туристички водич на бугарски јазик

 Во цената не е вклучено:

  • Факултативните екскурзии се резервираат во агенција а се плаќаат на лице место.
  • Пакет чадор + 2 лежалки по соба – 10 евра дневно и е за минимум 3 дена. За помалку од 3 дена, 14 евра по соба. Се плаќаат на лице место во хотелот.
  • Туристички данок Римини за хотел 4 ѕвезди 2.50 евра по лице на ден. Се плаѓаат на лице место.