Price: 99€ Сигурна реализација : 99€
Book Now!
sa*na

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Програма : 

29.декември (сабота) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот ‘Holiday inn”. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

30.декември (недела) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на истокот“ поради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј… Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки. Ноќевање.

31.декември (понеделник) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативно Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови. Вечерта можност за дочек на Нова 2019 година на некои од плоштадите во градот. Ноќевање.

01.јануари (вторник) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување, во попладневните часови.

02.јануари (среда) СКОПЈЕ
Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.


Цена на аранжманот: 99 € 


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Oрганизирани разгледи според програмата
  • Сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок
  • Организација и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Вечера во национален ресторан (25 €)
  • Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25 €)
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Патничко здравствено осигурување.


Напомени:

  • Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Ви Травел и  СКТМ