fbpx
Duration: 20.05.2021
Price: 169€
Book Now!
par*fly


НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ  – САНТОРИНИ
за празникот Св. Кирил и Методиј (период 20.05 – 25.05.2021)
ULTRA FIRST MINUTE УПЛАТА ОД 50% 169 €


ден 20.05.2021 (четврток) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ
Состанок на групата на паркингот на Хотел ВИП во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2 ден 21.05.2021 (петок) АТИНА/ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари. Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот  водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус  враќање во Камари. Ноќевање.

ден 22.05.2021 (сабота) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

ден 23.05.2021 (недела) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 2,5 еур. при самиот влез, од каде се имаат можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA  Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Време за слободни активности. Ноќевање.

ден 24.05.2021 (понеделник) – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ
Појадок
. По појадокор напуштање на собите во период од 10:00 до 11:00ч. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.GKoutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч.  Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот ден 25.05.2021(вторник) во утринските часови.


РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 185 €
ULTRA FIRST MINUTE УПЛАТА ОД 50% 169 €


ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

  • Превоз со високо туристички автобус на релација (кој е на располагање и на Санторини)
  • 3 ноќевања со појадок на Санторини
  • Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
  • Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој
  • Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини(2ри ден по програма) – 7€
  • целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич, 3ти ден по програм) – 35€
  • целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, 4ти ден по програм) – 35€
  • посета на винарија (автобус+водич+влезница  за винарија, резервација и дегустација на вино (5ти ден по програма) – 18€
  • Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците )
  • Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.
  • Дете до 1,99 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
  • Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060 ден.
  • Второ дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот.
  • Туристичка такса 3 еур по особа за целиот престој.
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително здравствено патничко осигурување

НАПОМЕНА :

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници 75% од капацитет на седишта во автобус ,според прописи донесени од страна на СЗО на РСМ.
  • Тестирањето  PCR-ТЕСТ  во лабораторијата со претходна најава(48 или 72 часа пред поаѓање).
  • Секој патник кој би добил позитивен тест уплатените средства за тестирање се неповратни,а останатите средства од уплатениот аранжман се враќаат на трансакциска сметка на патникот.
  • Хотелите се со 3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • Целосна доплата 10 дена пред патување.
  • За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
  • Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии.
  • При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Ви Травел