Duration: 23.05-27.05.2019
Price: 129€
Book Now!
par*fly

САРАЕВО – МОСТАР – ДУБРОВНИК
Св.Кирил и Методиј 24-ти Мај
23.05-27.05.2019


1 ден 23.05.2019 четврток – Скопје
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти Холидеј Инн. Поаѓање за Сараево во 19:00 часот. Патот не води преку граничен премин Табановце, со попатни паузи и патот продолжува према Крагуевац, Чачак до Сараево. Ноќно возење.

2 ден 24.05.2019 петок – Древен град
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Веднаш по пристигнувањето следува разглед на градот со стручен локален водич каде ќе ја посетиме Баш Чаршија,  Катедралата “Срце Христово”, Соборната црква Св. Тројца, Беговата џамија, Царевата џамија, зградата на академијата и уметноста, Латинската чуприја и тунелот на спасот (којшто е многу важен за босанскиот народ). По разгледот сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. (самостојна прошетка по Баш чаршија каде ќе имате можност да го испиете најубавото босанско кафе), можност за индивидуална посета на традиционален ресторан, со традиционална босанска музика и храна. Ноќевање.

3 ден 25.05.2019 сабота – Мостар
Појадок. (Ран појадок). По појадокот околу 08:00 и 08:30 заминување на факултативен излет за Мостар со стручен локален водич каде ќе имаме можност за разглед на истиот, вклучувајќи го: Стариот мост, саат кулата, Караџорџевата џамија, Коски Мехмед-Пашината џамија. По разгледот слободно време за слободни активности и време за ручек. Во попладневните часови враќање во Сараево. Сместување во Хотел. Време за одмор и слободни, индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден 26.05.2019 недела – Сараево – Дубровник – Скопје (преку Албанија)
Појадок. По појадокот околу 08:30 часот напуштање на хотелот се упатуваме према Хрватска. Пристигнување во Дубровик, време за индивидуална прошетка низ Стариот град. Дубровник еден од најстарите градови на Медитеранот но воедно и третото најромантично место во светот. Град во јужниот дел на Хрватска кој излегува на Јанданското море и се наоѓа во делот на Далмација. Со своите катедрали, фонтани, плоштади и музеи ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичнот од XV-от и  XVI-от век. време за слободни, индивидуални активности. Во пладневните часови во договор со пратителот и групата поаѓање за Македонија. Патот не води преку Црна Гора на Бока Которска на премин со траект, патото продолжува преку Албанија-Косово. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден на 27.05 во раните утрински часови.


ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 129€ 


Во цената на аражманот е вклучено :

  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел 3* во Сараево на база две ноќевања со појадок
  • Разглед на Сараево со локален туристички водич
  • Посета на Дубровник
  • Организација на аранжманот и придружник од агенцијата

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Факултативен излет до Мостар – 25 €
  • Влезници за музеи и локалитети, Верски објекти 1,5€, Градски музеи 3€ и Тунелот на спасот7€
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување

Напомена :

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни, трокреветни, четворокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд = 1€
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмта (ден,час)
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Ви Травел