fbpx
Duration: 08 Oct 2019 - 13 Oct 2019
Price: 289€
Book Now!
pal*as


Сицилија – 11 октомври


Програма

1 ДЕН (вторник – 08.10.’19) : БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 13.30 часот…поаѓање за Албанија – Драч во 14.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан…пристигнување во Драч околу 19.30 часот. По краткиот одмор и чекирањето на билетите – трансфер на брод околу 21.00 часот. Ноќевање.

2 ДЕН (среда – 09.10.’19) : БАРИ – МЕСИНА – ПАЛЕРМО
Пристигнување во Бари околу 08.00 часот. Патот продолжува кон Вила Сан Џовани – Калабрија од каде со траект преминуваме на Сицилија…пристигнување во Месина во попладневните часови…посета на Катедралата Успение Богородично (XII век), Фонтана ди Орионе (XVI век), Театарот Виторио Емануеле, Палатата Ѕанка и фонтаната на Нептун (XVI век). Поаѓање за Палермо. Сместување во хотел (околина на Палермо). Ноќевање.

3 ДЕН (четврток – 10.10.’19) : ПАЛЕРМО Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Палермо – главниот град на Сицилија…посета на Порта Феличе (XVI век), Фонтана Преториа (XVI век), Кватро Канти (XVI век), плоштадот Белини, црквата Света Марија – Мраморна (XII век), Театарот Гарибалди (XIX век)…слободно време за индивидуален разглед на градот. Во попладневните часови – поаѓање за Таормина…сместување во хотел во близина на Таормина (Сан Алесио Сикуло)…Ноќевање.

4 ДЕН (петок – 11.10.’19) : СИРАКУЗА – ЕТНА
Појадок. По појадокот – заминување за Сиракуза – еден од најважните градови на Античките Грци…посета на Амфитеатарот (V век п.н.е.), природниот феномен Увото на Дионис, Изворот Аретиза, како и Градската Палата…слободно време за индивидуален разглед на стариот град, сместен на малиот остров…поаѓање за Катанија, факултативна посета на Етна – единствениот жив вулкан во Европа…можност за престој на 3000 м.н.в. Враќање во хотелот во касните попладневни сати, со попатна – факултативна посета на Таормина, едно од најпознатите туристички места на Сицилија и Италија…порта Месина, Порта Катанија, старите зидини кои се од 15. век, изградени од Арагонците. Место привлечно за познати личности, глумци како Клерк Гејбл, Ингрид Бергман и др. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

5 ДЕН (сабота – 12.10.’19) : САН АЛЕСИО СИКУЛО – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бари. Во попладневните часови – посета на базиликата Свети Никола (XI век) и индувидуална прошетка низ стариот дел на градот…можност за шопинг. Во 20.00 часот – заминување за пристаништето во Бари. Трансфер на траект. Ноќевање.

6 ДЕН (недела – 13.10.’19) : ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч во утринските часови. Заминување за Македонија. Денско патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола околу 15.00 часот.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 289 €


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Автобуски превоз на горенаведената релација, бродски превоз Драч – Бари – Драч (билет за палуба “deck”,
  • доплата за двокреветна кабина – 25 € по лице во правец,
  • доплата за четирикреветна кабина – 15 € по лице во правец),
  • 1 НП во хотел со 3* во близина на Палермо, разглед на Палермо со стручен водич,
  • 2 НП во хотел со 3* во близина на Таормина, разглед на Сиракуза со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : 

  • Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • патничкото осигурување

ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА :

  • факултатвната посета на вулканот Етна – 25 € по лице – минимум 25 патници (препорака),
  • посета на Таормина – 10 € по лице (препорака).

НАПОМЕНА :

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Ви Травел и СКТМ.