Price: 80€Сигурна реализација : 80€
Book Now!
k*r

ХОТЕЛ ФЕСТА – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2019

Хотелот e на локација која овозможува брз пристап до центарот на Софија, како и до Музејот на национална историја, Бојанската црква која датира од 1259 година која е под заштита на УНЕСКО и националниот парк Витоша. Хотелот располага со соби кој се модерно и стилски уредени и сите имаат поглед кон градот или кон планината Витоша. Хотелот нуди бесплатен бежичен интернет. Виски барот во хотелот е идеално место за ноќни забави и дружења.

30.12.2018 (недела)
Поаѓање за Софија во 06:00. Патување со попатни паузи. Пристигнување во Софија. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата…. Сместување во хотел. Можност за организирана предновогодишна забава во .Ноќевање.

31.12.2018 (понеделник)
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Дочек на Нова Година 2019 во СОФИЈА на некој од плоштадите или во дискотека (факултативно).

01.2019 (вторник)
Појадок. Напуштање на хотелот во 10:30 часот. Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


Цена на аранжманот :  80 евра 


Цената е по лице за пакет аранжман и вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел ФЕСТА СОФИА 4*
  • Разглед градот со локален водич
  • Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL
  • Придружник и организација на патувањето


Цената не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Предновогодишна забава во механа
  • Дочек на Нова Година во Дискотека


Напомена:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Ви Травел и  СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањетo.