Location: Sorento
Price: 329€Early Booking 31.01.2020 : 299€
Book Now!
нех*ар


Соренто 3НП ( Неапол- Помпеа-Везув- Капри-Поситано-Амалфи) – 8-ми Март

Термин 06 Март

1 ден  06.03.2020 СКОПЈЕ – Драч
Состанок со групата и поаѓање за Драч во 10:00 часот на паркингот на спортски центар Борис Трајковски. Патувањето води преку граничниот премин Ќафасан…  пристигање во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од  Драч за Бари. Ноќна пловидба.

2 ден  07.03.2020  Бари-Неапол- Соренто
Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Соренто со попатна посета на Неапол. Пристигање во Неапол. Разглед на историскиот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО трговската улица Умберто,средновековниот замок, Кралската Палата, градската катедрала. Во попладневните часови се продолжува кон Соренто.Пристигање  и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  08.03.2020 КАПРИ-ПОСИТАНО-АМАЛФИ
Појадок. После појадокот следи  излет  со брод  до монденското летувалиште Капри. Разглед на градот: Плавата пештера, малата марина-Marina Piccol. Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во Соренто и посета на  Амалфи и Поситано. Во попладневните часови враќање во Соренто. Слободно време.Ноќевање.

4 ден  09.03.2020 Соренто – Помпеја – Везув- Соренто
Појадок. После појадокот следи факултативна посета на античкиот град Помпеја кој е потопен со вулканска лава и целосно уништен од последната ерупција на вулканот Везув. Денеска поголем дел од  античкиот град е откриен, a бројните куќи , фонтани, театри, јавни бањи сведочат за средновековниот живот во истиот.По Помпеја се посетува вулканот  Везув. Во попладневните часови по предвиденото време за посета на Националниот парк Везув и кратерот на истоимениот вулкан враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. ( Напомена: редоследот на активностите за овој ден може да биде сменет во зависнот од работното време на локалитетите).

5 ден  10.03.2020 Соренто – Бари – Драч – Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на собите и заминување кон Бари. Пристигнување во Бари и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови пловидба кон Драч.

6 ден  11.03.2020 Драч – Скопје
Во утринските часови пристигнување на пристаништето во Бари. По извршената царинска контрола патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.


ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 299€

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€


 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Карта за траект (седиште на дек): Драч – Бари – Драч:
  • Доплата за  кабина со тоалет: 30 Еур по лице
  • 3 Ноќевање со појадок во хотел со 3*  во Соренто
  • Разгледи според програмата на : Соренто и  Неапол
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
  • Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз и влезници за  Помпеја и Везув – 65 Еур
  • Факултативна посет на Капри, Амалфи и Позитано – 115 Еур
  • Доплата за  кабина со тоалет: 30 Еур по лице
  • Туристичка такса  (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
  • Патничко осигурување – 210 ден.

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.