fbpx
Duration: 12.01.2023
Price: 339€Сигурна реализација : 339€
Book Now!
тур*ст


Светско Првенство Ракомет 2023 – Краков
12-18.01.2023


12.01.2023 (Четврток) Битола-Прилеп-Велес-Скопје- Куманово-Србија-Унгарија-Полска
Поаѓање во 08:00 часот од Битола (паркинг на Спортска сала) за Краков, Полска. Патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје (11:30 часот), Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија, Унгарија. Дневно и ноќно возење со  попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Краков.

13.01.2023 (Петок) 15.01.2023 (Недела) Краков
Планирано пристигнување околу пладне. По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време за одмор. Во договорено време поаѓање со локален превоз кон Tauron Arena, следење на натпреварите Аргентина – Холандија во 18:00 часот и Македонија – Норвешка 20:30 часот. По завршувањето на натпреварите поаѓање кон хотелот со локален превоз. Ноќевање.

14.01.2023 (Сабота) Разглед на Краков-Вјеличка (Музеј на сол)
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Краков со локален водич, посета на Вафел- кралскиот дворец каде што се вршеле свечените церемонии при крунисувањето на кралевите, прошетка по Кралскиот пат  до самиот центар на градот, разглед на најголемиот средновековен плоштад Rynek Glowny, на кој се наоѓа споменикот на Адам Мицкјевич (најголемиот полски поет), разглед на Црквата СВ Марија. Разгледот продолжува по Флоријанската улица која завршува со Флоријанската капија и Барбаканот.
Слободно време за ручек. Во договорено време, поаѓање кон рудникот на солта Вјеличка (Wieliczka) кој се наоѓа на првата листа на Унеско. Рудникот изгледа толку нереално што ќе се чувствувате како да сте во некоја бајка, која нема врска со рудници или пак сол. Историјата на рудникот за сол датира од средниот век, кога порано се нарекувал Магнум Сал или Голема сол. Во 13 век, тој бил најголемиот извор на сол во земјата, што било клучно за економијата на земјата. Денес, тој е една од главните туристички атракции во Полска.
Рудникот лежи на девет нивоа, скриени под градот, рудникот стига и до длабочина од 327 метри. Неговото подземје се состои од 300 км тунели и околу 3000 простории најимпресивни се капелите кој ги изградиле самите рудари  во кој и ден денес се одржуваат миси. Во договорено време поѓање кон хотелот. Ноќевање.

15.01.2023 (Недела) Краков – ден за навивање
Појадок. Слободно време. Во договорено време поаѓање кон Tauron Arena, следење на натпреварите Норвешка – Аргентина 18:00 часот и Македонија – Холандија 20:30 часот. По завршувањето на натпреварите поаѓање кон хотелот со локален превоз. Ноќевање.

16.01.2023 (Понеделник) Краков – Аушвиц
Појадок. По појадокот,  можност за организација на факултативна посета до Аушвиц – концентрационен логор од Втората Светска Војна, кој од 1979 год. се наоѓа на листата на светски наследства на УНЕСКО. Следи посета и на концентрационот логор Биркенау, во кој е сниман познатиот филм ,,Шиндлеровата листа”. Во попладневните часови враќање во Краков. Ноќевање.

17.01.2023 (Вторник) Краков – ден за навивање – поаѓање кон Македонија
Појадок. Одјавување од хотелот. Во договорено време поаѓање кон Tauron Arena, следење на натпреварите Норвешка – Холандија 18:00 часот и Македонија – Аргентина 20:30 часот. По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија. Ноќно и дневно возење, преку Унгарија, Р.Србија со  попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.

18.01.2023 (Среда) Македонија
Планирано пристигнување во утринските часови. Крај на програмата.


Цена на аранжманот :  339
(цената е по лице за сместување во двокреветна / трикреветна соба)


  • Доплата за еднокреветна соба 60 €
  • За дете до 12 години попуст од 20 € од цената за возрасен.
  • За резервација во 1/4 соба попуст 10 € од цената по лице.

Услови на плаќање:

  • Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.

Во цената Е вклучено:

  • Превоз со високо–туристички автобус опремен со клима, тв, видео
  • Поаѓања од: Битола 08:00 ч (паркинг Спортска сала)
    Прилеп 08:50ч (бензиска пумпа Лукоил);
    Велес  10:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
    Скопје 11:15ч (бензиска пумпа Лукоил, KFC);
    Куманово 12:15 ч (бензинска пумпа Макпетрол)
  • Сместување во Краков во хотел со 3 * (4 ноќевања со појадок)
  • Блок билети за сите натпревари од група F (датуми: 13.01 ,15.01, 17.01.2023)
  • Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe.

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Факултативните излети и посети (се реализираат со миниму 25 платежни патници)
  • Разглед (запознавање) на Краков со локален водич 10€ по лице (14.01.2023)
  • Рудникот на солта Вјеличка (Wieliczka) 35 по лице (14.01.2023) / Вклучено: локален водич + превоз + влезница)
  • Посета на Аушвиц 25 € по лице (16.01.2023)
  • Патничкото осигурување (околу 300 ден. – по лице);
  • Личен трошок на патникот.
  • Официјална валута полски злоти (PLN) – 1 € = 4,73 полски злоти
  • Водата во Краков е безбедна за пиење.
  • Телефони за итни случаеви:   Брза помош  112 / 999   Полиција  112 / 997

Опис на локации
Краков  претставува стара полска престолнина, кој слободно можеме да го наречеме и „град музеј“. Стариот град на Краков се наоѓа во листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Името Краков, или како што Полјаците го викаат – Кракув (изворно Kraków), потекнува од легендарниот полски принц Кракус (се сретнува и како Крак и Гракх) кој го основал градот Овој град секоја година го посетуваат помеѓу три и четири милиони туристи. Во Краков живеат 750.000 луѓе, а од тој број околу 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.


Рудникот на сол – Vjelichka
Една од најзначајните туристички атракции кои можете да ги посетите во Полска е Рудникот на солта – Vjelichka. Овој рудник е најстариот активен рудник во светот и е вистинско ремек дело кое од 1978 е под заштита на УНЕСКО. Рудникот е поделен на девет нивоа кои достигнуваат длабочина и до 327 метри и се поврзани со ходници меѓу себе.
Цел овој подземен лавиринт лежи под градот Вјеличка.
Во рудникот се наоѓа најстариот  музеј на рударството каде се изложени алати и опрема кои рударите ги користеле во текот на историјата.
Во самиот рудник се сместени и голем број кафетерии каде можете да уживате во шолја чај или кафе. Исто така во внатрешноста на рудникот се одржуваат и многубројни културни и спортски настани па дури и миси во катедралите.
Без здив ќе ве остават скулптурите и лустерите направени од сол. Но сигурно не помисливте дека на 104 метри под земја можете да наидете на две прекрасни езера каде ќе уживате во прекрасните звуци.До сега овој рудник е посетен од повеќе од 41,5 милиони туристи од целиот свет.


Аушвиц
На околу 50 километри западно од Краков се наоѓа малиот град Освјенчим кој после германската окупација на Полска во септември 1939, бил приклучен на Гераманија и името му било променето во Аушвиц. Ова место би паднало во заборав да не била нацистичката одлука да во овој дел се изгради концетрационен логор Аушвиц – Биркенау (подоцна и логор на смрта). Тука масовно се носеле Евреи и припадници на други малцински групи, кои се убивале на најсуров начин. Во логорот вкупно се депортирани 1,3 милион луѓе од различни делови на Европа. Од тој број, тука биле убиени 1,1 милион, од кои околу милион биле Евреи. Најголем дел од жртвите биле убиени веднаш во гасните комори на Аушвиц II. Другиот дел од затворениците умреле поради систематското гладување, принудната работа, неконтролираните епидемии, стрелање и во медицински експерименти. После Втората светска војна, местото е преправено во музеј и прима преку милион посетители во текот на годината. Излетот трае три саати и вклучува посета на двата логора, Аушвиц I и Аушвиц II – Брикенау. Излетот на логорот е неизбежен дел при посетата на Краков..


Напомена :

  • За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот.
  • Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
  • Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено.
  • Сместување по 14:00 ч. (локално време)
  • Напуштање до 11:00 ч. (локално време).
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
  • Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот – аванс.
  • Остатокот од аранжманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.
  • Со оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Травел