Duration: 01.03.2019
Price: 159€Early booking : 139€
Book Now!
n*r

Венеција ( Фиренца-Верона- Сирмионе) 2НП – Велигден

Термин:26 Април

1 ден   26.04.2019 СКОПЈЕ:
Состанок на групата во 13.30 ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 14.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден  27.04.2019 ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:
Пристигнување во Лидо ди Јесоло во предпладневните часови.Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 28.04.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА:
Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

4 ден  29.04.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА :
Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

5 ден  30.04.2019 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во попладневните часови .


ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  01.03.2019: 139 евра 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 159 евра


Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*
  • Посета на Трст
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

Цената не вклучува:

  • Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  25 €
  • Целодневна посета на Фиренца 45 €
  • Целодневна задолжителна посета на  Веронаи Сирмионе 20 €
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија( 1  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување 175 мкд
  • Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.