Duration: 01.11.2018
Price: 159€Early booking : 149€
Book Now!
n*r

Венеција ( Фиренца-Верона- Сирмионе) 2НП – Нова година 2019

Термин:29 Декември

ПРОГРАМА:

1 ден   29.12.2018 СКОПЈЕ:
Состанок на групата во 14.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 15.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден  30.12.2018 ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:
Пристигнување во Пунта Сабиони во претпладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  31.12.2018  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА:
Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…  Во вечерните часови враќање во Лидо. Можност да ја дочекате Нова година 2019 на градските плоштади во Лидо. Ноќевање.

4 ден  01.01.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА :
Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

5 ден  02.01.2018 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во попладневните часови .


ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01.11.2018 : 149 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 159  


Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

Цената не вклучува:

  • Целодневна задолжителна посета на  Верона и Сирмионе 15 €
  • Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  15 €
  • Посета на Фиренца 45 €
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2   по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување 160 мкд
  • Доплата за еднокреветна соба 2.480 денари
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп,Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.


НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.