Price: 159€Сигурна реализација : 139€
Book Now!
fal*on

Виена – 2НП

Програма

1 ден 06.03.2019 Скопје – Виена
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 07.03.2019 Виена
Пристигнување во претпладневните часови во Виена и почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Попладнето после разгледот сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 Виенски шуми – шопинг SCS
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри SCS. Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на некоја од локалните пивници во центарот на градот (индивидуално). Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 Шенбрун
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). Подоцна слободно време за ручек и индивидуални активности низ центарот на градот. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 10.03.2019 Скопје
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€

139 евра – LAST MINUTE попуст кои ќе важи до пополнување на слободните места.


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
  • Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 35
  • Разглед на Виена со локален водич – 10€
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 30€ – мин. 25 лица за реализација
  • Посета на национален ресторан – 30€
  • Патничко осигурување – 5€
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари


НАПОМЕНИ

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Ви Травел и СКТМ
  • Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма