Виена – 2НП
Tермин: 06Декември
1 ден 06.12.2018Скопје – Виена
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 16.00 ч. и поаѓање за Виена во 16:30ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.
2ден 07.12.2018шопинг центар Parndorf – Виена
Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… По пристигнување во Виена почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
3 ден 08.12.2018 Шенбрун
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.
4 ден 09.12.2018Виена – Скопје
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 10.12.2018 Скопје
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено: