Duration: 13 Feb 2019 - 17 Feb 2019
Price: 119€
Book Now!
n*r

Tермин13 Февруари

1 ден  13.02.2019 Скопје – Виена
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 14.02.2019 Виена
Пристигнување во претпладневните часови во ВиенаПредлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 15.02.2019 Шенбрун – Дунавска Кула
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед –  360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден 16.02.2019  Виенски шуми – шопинг центар Parndorf
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи.По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  17.02.2019 Скопје
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119€ 


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 10€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30
  • Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ – мин. 30 лица за реализација
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 25€ – мин. 25 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€
  • Патничко осигурување – 175 ден

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Ви Травел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.