Duration: 31.03.2019
Price: -7%Early booking : -7%
Book Now!

atl*trs*kav

Ново во нашата понуда – Вила Alcano која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2019 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата Alcano е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос Мармарас Alcano“. Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Напомена:
Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.
Локација: Vila Alcano-Neos Marmaras 


-7% попуст за целосна уплата до 31.03.2019


Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Цените во табелата се однесуваат за наем за цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односто број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14:00 по локално време , а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во листи соби, за време на престојот сами се грижите за одржување на хихиената. По завршување на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна чиста состојба.
  • Користење на клима е вклучен во цената
  • Oрганизиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • 35 евра повратна , деца од 2-12 год. 25 евра, деца до 2 год. бесплатно ( Без седиште )