Book Now!
atl*trs*kav

плажата Lagomandra и Tripotamos Beach кај кампот Castello.
Вилата Sole A Mare се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри. Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани на прв и втор спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за сосема нов, совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончево колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Напомена:
Во сите студија и апартмани дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
Локација:Vila SOLE A MARE~Neos Marmaras


Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Цените во табелата се однесуваат за наем за цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односто број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14:00 по локално време , а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во листи соби, за време на престојот сами се грижите за одржување на хихиената. По завршување на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна чиста состојба.
  • Користење на клима е вклучен во цената
  • Oрганизиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • 35 евра повратна , деца од 2-12 год. 25 евра, деца до 2 год. бесплатно ( Без седиште )