Book Now!
с*а

Villa AKAKIA е бездруго најубаво лоцираниот објект од понудата за Псакудија. Во непосредна близина на морето на 150 m оддалеченост, со убаво уреден двор со сенка од дрвја, вилата Акакиа ја нуди својата слика – како едно од  блиските и идеални места за одмор. Располага со комфорни и убаво уредени апартмани, сите опремени со квалитетен мебел, ТВ, клима уред, тоалет, мини-кујна и балкон. Плажата, околните објекти и ресторани со богата исхрана, ви нудат можност за навистина квалитетно сместување, со ваша сопствена организација на квалитетен и комфорен одмор во Псакудија. Можноста за прошетки низ Ситониа се само мотив повеќе за нејзиниот избор.

Локација : Villa-Akakia-Psakudia



Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Употребата на клима уред е бесплатна во објектoт AKAKIA (каде што е достапен)
  • Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:  35 €  (25 € за деца 2-12 год.) 


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
  • Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година.
  • Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 31.12.2018 година.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  •  Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.

НАПОМЕНA:
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.


Автобуски превоз за СИТОНИЈА

секоја недела, од 19.мај до 29.септември
Место и време на поаѓање:
Скопје     06:00 h   (паркинг спроти хотелот “Holiday Inn”)
Велес      06:30 h   (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино  07:00 h   (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово      07:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Гевгелија 08:00 h    (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 16:00 h (локално време, 15:00 мак. време)
Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    04:30 h     (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     03:45 h     (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        04:45 h     (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       04:45 h     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          05:30 h     (паркинг пред пошта)
Кичево       04:30 h     (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга        03:00 h     (хотел Дрим, трафики)
Охрид         03:30 h     (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен         04:00 h      (спроти автобуска станица)
Битола        05:00 h     (паркинг кај спортска сала)
Прилеп       05:45 h     (БП Лукоил)
Кавадарци  06:30 h     (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш     05:45 h     (БП Макпетрол)
Струмица    06:30 h     (паркинг пред Тинекс)