Duration: 01.02.2019
Price: -10%Early booking : -10%
Book Now!
atl*trs*kav

Вилата „Angeliki“ се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на најмалото скриено богатство на Ситонија-Каламитси. Во оваа раскошна вила располагаме со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг .
Напомена:
Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.
Локација: Villa ANGELIKI~Kalimitsi

-10% попуст за целосна уплата до 01.02.2019


Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Цените во табелата се однесуваат за наем за цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односто број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14:00 по локално време , а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, за време на престојот сами се грижите за одржување на хигиената. По завршување на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна чиста состојба.
  • Користење на клима е вклучен во цената
  • Oрганизиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси
  • 35 евра повратна , деца од 2-12 год. 25 евра, деца до 2 год. бесплатно ( Без седиште )