Book Now!
fi*lla


ВИЛА ОРАМА
Вилата Орама се наоѓа на 200 метри од центарот на Неа Мармарас и на 5 минути до плажа. Располага со 6 двокреветни соби, 3 трокреветни студиа и 2 четверокреветни апартмани. Сите се опремени со тоалет, клима, wifi, тераса (поглед море).
Локација : Villa-Orama


III и IV лице бесплатно сместување

 


НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
  • За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15€ од вкупната цена по лице.
  • Трето и четврто лице во АПП: бесплатно сместување, плаќаат само превоз.
  • Цена за превоз за дете од 2 год. – 11.99 год.: 25€ / 1.545мкд.
  • Цена за превоз за возрасен: 35€ / 2.163мкд
  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот по локално време, а се напуштаат во 09:00 часот по локално време последниот ден!
  • Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 05:00 часот. Враќање последниот ден во попладневните часови!
  • Доплата за туристичка такса – 0.5€ по соба на ден. Се плаќа на рецепција.
  • Доплата за клима: 3€ на ден

ОПШТИ УСЛОВИ

  • За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
  • Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот
  • Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓањe
  • Во смените означени со (*) – ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

  • Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на Главна Автобуска Станица Скопје (на перон 1 или 2)
  • Поаѓање за наведената дестинација преку Граничен Премин Богородица
  • Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
  • Денови на престој (7 или 9)
  • Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
  • Попладневните часови поаѓање за Македонија
  • Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје