Duration: 27.12.2019
Price: Early booking -15% :
Book Now!
atl*trs*kav

Вилата Eleni е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 50 метри од плажата во Неа Рода, веднаш над вилата „Maria Pashalidou“. Во вилата располагаме со две 1/2+1 соби и еден четирикреветен апартман на прв спрат. Собите имаат тераси со поглед на море и издвоена заедничка кујна, а апартманот има поглед во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети имаат телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Напомена:
Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.
Локација: villa-eleni-nea-roda


-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


НАПОМЕНИ : 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра