Book Now!
sup*tra


Вила Eva е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на  хотел Корфу, и на околу 30 м. од плажата. Располага со четворокреветни и петокреветни апартмани и четворокреветни студија, пространи, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси
Локација : Villa-Eva-Nea-Flogita



Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето и четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз.


  • Цените со ознака ПРОМО се цени по лице според соодветниот капацитет
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

  • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 

  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

    ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД  КУМАНОВО, СКОПЈЕ,ВЕЛЕС,КАВАДАРЦИ,НЕГОТИНО и ГРАНИЧЕН ПРЕМИН (Богородица)

    • Организиран трансвер за патниците од Битола  и  Прилеп со 5 (310)евра доплата по лице
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.