Duration: 01.02.2019
Price: -10%Early booking : -10%
Book Now!
atl.tur.kav

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од моретомеѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Вилата е мала, од типот на семејните куќи и располага со само два апартмани- четирикреветен и шесткреветен кои имаат поглед во вилата Evi II“ која се наоѓа на самата улица. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Локација: Villa-Evi1-Nea-Kalikratia

-10% попуст за целосна уплата до 01.02.2019



Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)


Цените во табелата се однесуваат за наем за цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односто број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14:00 по локално време , а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во листи соби, за време на престојот сами се грижите за одржување на хихиената. По завршување на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна чиста состојба.
  • Користење на клима е вклучен во цената
  • Oрганизиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Каликратиа
  • 35 евра повратна , деца од 2-12 год. 25 евра, деца до 2 год. бесплатно ( Без седиште )