Duration: 01.02.2019
Price: -10%Early booking : -10%
Book Now!
atl.tu.kav

Вилата Evi II е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Локација : Villa-Evi2-Nea-Kalikratia

-10% попуст за целосна уплата до 01.02.2019


Цените во табелата се однесуваат за наем за цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односто број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14:00 по локално време , а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во листи соби, за време на престојот сами се грижите за одржување на хихиената. По завршување на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна чиста состојба.
  • Користење на клима е вклучен во цената.
  • Oрганизиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Каликратиа
  • 35 евра повратна , деца од 2-12 год. 25 евра, деца до 2 год. бесплатно ( Без седиште )

1/3 Студио – прв спрат

Студио бр.3
Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има два единечни кревети со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.


1/5 Апартман , прв спрат

Апартман бр. 4  
Петкреветен апартман на прв спрат во вилата. На самиот влез во апартманот се наоѓаат елементите од кујната, сосема издвоени од спалните соби. Тука има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Апартманот има други две простории кои се спални. Во првата соба има два единечни кревети со нормална димензија, мебел и клима. Од оваа соба се влегува во купатилото кое е со нормална големина, а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер. Од првата соба се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети со нормални димензии, еден кауч на кој може да спијат едно возрасно лице или две деца, мебел и телевизор. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.


1/6 Дуплекс , Втор спрат

Апартман бр.5 
Шеткреветен дуплекс апартман на втор спрат во вилата. Апартманот е многу простран и функционален, има три спални соби, издвоена кујна, купатило и две тераси. При самиот влез во апартманот има ходник од каде се влегува посебно во секоја просторија. Во првата спална соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и клима. Од собата се излегува на голема тераса опремена со пластична маса и столчиња која се протега до втората спална соба. Од првата спална соба преку монтажна лизгачка врата се влегува во втората спална соба. Тука има два единечени кревети со нормална големина, мебел, телевизор и голема трепезариска маса. Од собата се излегува на истата долга тераса која има поглед на улица. Третата спална соба има два единечни кревети со нормални димензии и мебел. Од собата се излегува на голема тераса која има поглед во дворот од вилата . Кујната се наоѓа во издвоена просторија и е комплетно опремена со мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Од кујната се излегува на голема тераса која има поглед во дворот на вилата и е заедничка со терасата од третата спална соба. Апартманот има големо купатило опремено со када, а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер.