fbpx
Book Now!
sav

Вила ФИЛИПОС се наоѓа во централниот дел на Лептокарија, на 20м. од вила Ерато. Вилата е оддалечена 50 метри од плажа. Во непосредна близина се наоѓаат пекара, продавници, ресторан, маркет… Вилата поседува студија 1/2+1 (за 3 лица) или 1/3+еxb (за 4 лица). Секоја единица е опремена со сопствена кујна, тоалет, тераса, ТВ и клима.



Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во ELEFTERIA, ERATO, FILIPOS и DESPINA се доплатува во објектот (3-5€/на ден, каде што е достапен) Употребата на клима уред во DIMA, ANASTASSIOS и MAGGAS е бесплатна (каде што е достапен), Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 35 EUR (20 EUR за дете 02 до 12 год.)
Термини за автобуски превоз до ПИЕРИЈА (според табелата):


Места и сатница на поаѓање:
Скопје, во 04:00 ч. (паркинг спроти хотеl Holiday Inn”)
Велес, во 04:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино, во 05:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
Смоквица, во 05:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
Гевгелија, во 06:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција: – Истите денови попладне


ВАЖНИ НАПОМЕНИ
Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2021 година, или до објава на нов ценовкик.
Цените со попуст, важат за резервации со минимум 50% уплата од износот во периодот на попуст, и тоа: При резервација на аранжман е потребна уплата од минимум 2.000 мкд.
Останатиот дел од износот (до 50% од цената на аранжманот), треба да се доплати најдоцна до 31.март 2021 година. Доплатата на вкупниот износ од договорената цена на аранжманот, се врши до 3 недели пред датумот на патување. Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !